Промоција на „Мерач на зборови“ од Димоски во Белград
Во рамките на 55. издание на Белградскиот саем на книгата денеска ќе се промовира книгата „Мерач речи“ („Мерач на зборовите“) од Славе Ѓорѓо Димоски, во издание на АРКА од Смедерево. Изборот и преводот го направи Ристо Василевски, а поговорот е на Душан Стојковиќ. Во изборот се застапени песни од сите негови книги.
На промоцијата за творештвото и ликот на Димоски ќе зборуваат Душан Стојковиќ, Данило Коцевски, Ристо Василевски и Милурко Вукадиновиќ.
Песните на Славе Ѓорѓо Димоски поединечно или во посебни поетски циклуси се преведени на триесетина јазици, објавувани во поединечни избори, антологии и печатени во најзначајни светски поетски публикации, а во поединечни книги се печатени на руски, турски, бугарски, азербеџански и српски. Се подготвува француско и англиско издание. На саемот се очекува да се појават и првите примероци на втората негова книга: „Поле. Бојно поле?“ во џебно издание на издавачката куќа „Граматик“. (Н.П.) |