Привршува конкурсот за наградата „Мито Хаџи Василев Јасмин“
Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин“ за 2010 година, со која се оддава признание за остварувања во областа на публицистика и новинарство, е при самиот крај, односно завршува на 31 октомври. Но, поради деновите на викендот, апликациите ќе можат да се достават до Министерството за култура до понеделник, 1 ноември.
Само за потсетување, наградата „Мито Хаџи Василев Јасмин“ се доделува на поединци, на група творци, екипи, установи, трговски друштва или на здруженија на граѓани. Во една година можно е да се дадат само две награди, а иницијатива или предлог за кандидатите можат да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани. Иницијативата или предлогот треба да содржат образложение, како и податоци за остварените резултати во одредената област, а треба да се достават во 15 примероци, додека книгите или публикациите во најмалку два примерока. Врачувањето на наградата е предвидено за 21 декември. (С.У.) |