Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Култура

Македонски танчари на „ Мес де данза“ во Шпанија

Кире Миладиноски со „Еден правец внатре“, Искра Шукарова со делото „Формула“ и младиот Александар Георгиев со перформансот „Хајди“ ќе настапат во Севилја

Македонскиот кореограф Кире Миладиноски со кореографијата „Еден правец внатре“ ќе се претстави пред шпанската публика на седумнаесеттото издание на фестивалот за современ танц и театар „Мес де данза“ („Mes de Danza“) во Севилја, Шпанија.

По неколкуте гостувања и учества на реномирани фестивали за современ танц во регионов и пред домашната публика, Миладиновски овој пат ќе се обиде да ја освои шпанската публика. Од 29 октомври до 21 ноември, на повеќе локации во Севилја, ќе се реализираат инвентивните продукции од областа на театарот и танцот. Младиот македонски кореограф својот перформанс ќе го изведе на отворен простор како„Site specific“ и ќе се одигра во два последователни дена на различни локации. На 31 октомври ќе биде поставен на Plaza de la Contratacion и на 1 ноември на плоштадот Plaza Nueva. Покрај Миладиноски, на овој фестивал на современ танц ќе учествуваат и Искра Шукарова со делото „Формула“ и младиот Александар Георгиев со соло-перформансот „Хајди“.

Фестивалската програма, покрај официјалниот дел, има и придружна програма на паралелни активности составена од видеопрезентации, инсталации, изложби и работилници, со цел да се подобри културниот дијалог, да се поттикнат копродукции и продукции и да се создаде форум за презентација и промоција на најновите инвентивни и современи уметнички дела од светски автори на домашната уметничка сцена.

Кореографијата на претставата „Еден правец внатре“ премиерно беше одиграна пред домашната публика во рамките на третото издание на „Балканска танц-платформа“ во 2005 година, а публиката имаше можност да ја проследи и како дел од повеќе фестивали во Албанија, Бугарија, Хрватска, Австрија и во Франција. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 297 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Бели Гробје засега највисок локалитет во земјава
Недела на француски филм во МКЦ
Нови книги
Промоција на „Мерач на зборови“ од Димоски во Белград
Привршува конкурсот за наградата „Мито Хаџи Василев Јасмин“
„Андреја Дамјанов“ за арх.Олга Папеш
Бранко Ѓорчев повторно на чело на Драмски






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries