Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Култура

Нови книги

„Сонети“ од Михаил Ренџов, „Менора“, 107 страници

Најновата стихозбирка од истакнатиот македонски поет Михаил Ренџов донесува шеесеттина песни испеани во препознатлив стил со многу чувства и длабочина во изразот.

Песните во книгата се поделени во неколку поглавја: Канарката, Сенката и Бигор, а илустрирана е со цртежи од академскиот сликар Владимир Георгиевски. „Конечен“ е песната која е поместена на крајот во која поетот пее за соочувањето со самиот себе: „Конечно сум сам: со себе, пред себе, во себе/Зар е можна самоста? Сам со Сам?/ Зар не е тука Третиот, Светиот/ Или Клетиот, со кој треба да се соочам?“

„Вулкан: одбрана поезија“ Од Есад Бабачиќ, „Блесок“, 96 страници

Неодамна, во едицијата „Морфеј“, со поддршка на Јавната агенција за книга на Република Словенија, Трубарјевата фондација при Друштвото на словенечките писатели, „Блесок“ ја објави книгата одбрана поезија од Есад Бабачиќ „Вулкан: одбрана поезија“. Книгата од словенечки ја преведе Игор Исаковски, а преводот го уреди Намита Субиото.

Есад Бабачиќ е роден на 21 јули 1965 година во 5:45 во Љубљана. На почетокот, пишувал текстови за панк бендот „ВИА ОФЕНЗИВА“, чиј водач и пејач бил. Наскоро, еден еминентен словенечки поет ова го дефинирал како „вистинска поезија“. Неговото досие открива и дека еднаш читал поезија со Џон Ешбери, на книжевна вечер во Берлин, ја добил австриската награда „Културсалон Хцрбигер“ за песната „Дунав“.

„Филозофија на виното“ Од Бела Хамваш, „Или-или“, 187 страници

Книгата е апологија на ретките, возвишени моменти на животот, спокојот, играта... и ведрината. Тоа е свет на дионисиско, медитеранско опивање; чистата, светкава ведрина на Орфеј; полубудна медитација во пчеларникот во едно августовско попладне, под оревот, пред визбата на камената маса: некои од ретките моменти на хамвашовата „идила“. Во последните денови на војната, на почетокот на 1945 година, Хамваш ќе изгуби се: бомба ќе го разнесе неговиот дом, библиотеката, ракописите и скиците за неговите следни дела. Во една таква атмосфера, Хамваш ја пишува неговата „Филозофија на виното“ која не претставува очајување над урнатините, туку славење на животот, при што возвишеноста на пиењето на црвената течност е донесена на ниво на уметност, на ниво на убава девојка, која ве разгалува во секој поглед.

„Употребата на светот“ Од Никола Бувие, „Феникс“,

Оваа книга со патеписи е интернационален бестселер познат под името „библија на писателите патници“, а досега има доживеано голем број изданија насекаде во светот. Предговорот на ова прво македонско издание на дело од Никола Бувие го напиша м-р Јордан Плевнеш, кој меѓу другото вели: “Оваа интимна света книга се наоѓа денес во рацете на македонскиот читател како знак на вечното враќање на Бувие, како на вечен заљубеник во Балканот и Македонија, бидејќи во едно интервју објавено во неговата родна Женева, непосредно пред самата смрт Никола Бувие ќе рече - ако повторно се родам би сакал да живеам во Македонија“.

Во книгата Бувие го опишува патувањето, кое со својот пријател сликарот Тиери Верне го започнува на Балканот - „срцето на Европа“ - Босна, Србија, Македонија, за преку Турција, Иран и Пакистан - да го заврши во Кибер пас (границата меѓу Авганистан и Пакистан). Патувањето траело една и пол година (1953-1954 година), а Бувие во Прилеп се задржал цели три месеци.


#
Статијата е прочитана 412 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Македонски танчари на „ Мес де данза“ во Шпанија
Бели Гробје засега највисок локалитет во земјава
Недела на француски филм во МКЦ
Промоција на „Мерач на зборови“ од Димоски во Белград
Привршува конкурсот за наградата „Мито Хаџи Василев Јасмин“
„Андреја Дамјанов“ за арх.Олга Папеш
Бранко Ѓорчев повторно на чело на Драмски






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries