Број 3254  сабота, 10 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Американска вечера без ЕУ во Прага

Без заедничката надворешна политика на ЕУ Обама да знаел кого да го повика или покани на вечера

БРИСЕЛ - Одлуката на САД да не покани официјални претставници на ЕУ на настанот од најголемо безбедносно значење во Прага се гледа како ново одбивање на Брисел. Американскиот претседател Барак Обама во четвртокот на 8 април во чешкиот главен град го потпиша Договорот за намалување на нуклеарното оружје со неговиот руски колега, пред да биде домаќин на вечерата со 11 шефови на држави и влади од одбрани европски држави. На листата на гости беа претставници од Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка и Словенија. Меѓутоа, не беа поканети претставници на ЕУ, како новиот комесар за надворешни односи на Унијата, Кетрин Ештон, или новиот претседател Херман ван Ромпуј.

Белата куќа соопшти дека вечерата имала цел Обама да ги разбере „единствените перспективи“ на поранешните комунистички и советски држави во однос на безбедносните прашања во Европа. Ова се случува во услови на загрижености во источните метрополи на ЕУ дека САД им дава предност на односите со Москва, додека, пак, се повлекува од плановите за изградба на нови воени бази во Полска и Чешка. Исто така, настанот во Прага доаѓа во време откако Обама го откажа самитот САД - ЕУ кој требаше да се случи во мај во Мадрид. Официјални претставници на САД и ЕУ подоцна наведоа дека идните самити треба да се одржуваат само „кога и двете страни сметаат дека е потребен таков“ наместо на редовна база.

Развојот на настаните го засрами шпанското претседателствување со ЕУ и иницира прашање околу тоа дали Вашингтон продолжува да ја гледа ЕУ како важен играч на светската сцена. Европската комисија ја отфрли важноста на вечерата во Прага во официјалното соопштение издадено во четвртокот. „Има редовни контакти меѓу САД и другите земји-членки и не треба да интервенираме во сите нив и да бидеме поканети на сите тие средби. Па, секако, тоа не е негативна информација за нас“, изјави портпаролот на комисијата.

На прашањето од страна на „ЕУ обзервер“ дали настанот во Прага ризикува да биде виден како уште една шлаканица за ЕУ, еден американски дипломат изјави: „И претседателот и државниот секретар зборуваа за големата важност што ЕУ ја има за САД. Не се обидуваме да одвратиме или да се откажеме од еден однос, но во исто време да имаме друг“.

Оваа вечера уште еднаш укажува на фактот дека Европската унија треба да ја направи реалност заедничката надворешна политика, за претседателот Обама да знае кого да го повика или покани на вечера. (ЕУ обзервер)


#
Статијата е прочитана 553 пати.

Испрати коментар

Од: Lubotan
Датум: 10.04.2010 05:11:12
Pameten O Bama! Gi pokanil na Poslednata Vecera Site sto treba da izgorat vo slucaj na konflikt! na ,,Slavjanskive" narodi nikako da im dojde pamet! Ama moze ce im i dojde pamet,se igraat so OGAN!, Ako dojde ,do nov konflikt! Se znae; Prvata Anti Ruska Borbena Linija, ima i prva da bide zrtva! Na celo so: Bugarija,Rumunija,Hrvatska,Slovenija,Slovacka,Ceska i Polska,drugite;Estonija, Latvija i Litvanija se odseceni so Kalinovgrad1
Од: Sale
Датум: 10.04.2010 15:47:45
Amerika so sluchajot na Gracite i protna kukvichko jajce na EU, sega EU neka se zanimava so Grcite a a merite i Rusite ke si brkaat rabota. Koga ke dojde zima Medvedev pak ke go stgne ventilot za gas pa EU neka se zanikava i dalje so Papandreu

Најди! во Утрински
Свет
Полскиот претседател Лех Качински загина во авионската несреќа
По шампањот, почнува трката!
Нетанјаху лут, не оди во САД
„Северен тек“ и „Јужен тек“ контра „Набуко“
Србите бараат натписи на кирилица
Грција на работ од банкрот
Комеморативен собир во Бишкек
Го молел Хитлер да добие руски колoнии
Американско-рускиот самит - бесплатна реклама за Прага