Србите бараат натписи на кирилица
Загреб - Заедничкиот совет на општините - здружение на општини во источна Славонија и Барања со српско население бара на влезовите во седум села во Вуковарско-сремската и во Осиечко-барањската жупанија да се постават натписи на местата на латиница и на кирилица. Во текстот се истакнува дека припадниците на други национални заедници - Италијанци, Унгарци и Чеси повеќе години го користат тоа право. (МИА) |