Број 3254  сабота, 10 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Американско-рускиот самит - бесплатна реклама за Прага

Прага - Чешката метропола ја доби најголемата бесплатна реклама што може да и' донесе голем број туристи, констатираат чешките туристички работници, еден ден по посетата на Барак Обама и Дмитриј Медведев на Прага, кои ја избраа Прага за место каде што ќе биде потпишан историскиот Договор за намалување на нуклеарното оружје.

Рекламирањето на „Златната Прага“ и нејзините знаменитости што обично чини 130.000 долари на една страница во дневниот весник „Њујорк тајмс“ или, пак, 50.000 долари за три секунди во етерот на Си-Ен-Ен, овој пат чешкиот главен град ги доби сосема бесплатно.

Според маркетинг-менаџерот Давид Лотак, кампањата која деновиве се водеше во Чешка поради руско-американскиот Самит по повод потпишувањето на историскиот договор за нуклеарно разоружување има вредност од речиси 11 милиони долари.

„Ефектот не е толку важен за индивидуалните туристи, туку за конгресниот туризам. Прага со ова се покажува како град што нуди перфектни служби“, вели Петр Улрих, главен уредник на специјализирано списание за туризам.

Ако се суди според минатите искуства, ваквите настани можат да влијаат на зголемен интерес и подобри резултати кај хотелиерите.

Доказ за тоа е значително зголемената бројка на туристи по 2000 година кога во Чешка беше организиран состанокот на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Наредната година откако Чешка покажа дека е способна да се справи со протестите на противниците на глобализацијата, бројот на посетители се зголеми за 700.000.




#
Статијата е прочитана 251 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan
Датум: 10.04.2010 05:32:13
Tocno, do pred tri godini,Praga so godini bese najgolemata turisticka meka vo Evropa.Za poslednive tri godini Krakov bese na prvo mesto ,N Krakov ja imase na svoja strana Zakopani,Tatrite,a i Visoki Tatri!. Krakov e, i ima Miris na;Polski,Slovacki,Ceski,Austroungarski i Evrejski,zma za kratko vreme Praga ceja prezeme ,a potamu ce vidime! Bilo kako Bilo, toa se najubavite slavjanski gradovi,ama posle Petrovgrad!

Најди! во Утрински
Свет
Полскиот претседател Лех Качински загина во авионската несреќа
По шампањот, почнува трката!
Американска вечера без ЕУ во Прага
Нетанјаху лут, не оди во САД
„Северен тек“ и „Јужен тек“ контра „Набуко“
Србите бараат натписи на кирилица
Грција на работ од банкрот
Комеморативен собир во Бишкек
Го молел Хитлер да добие руски колoнии