Број 3254  сабота, 10 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Нетанјаху лут, не оди во САД

Знаел дека Египет и Турција имаат намера да го постават прашањето за нуклеарниот арсенал на Израел

ЕРУСАЛИМ - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја откажа посетата на САД каде што требаше да присуствува на самитот за нуклеарна безбедност, изјавија израелски официјални лица. Нетанјаху ја донесе одлуката откако дозна дека Египет и Турција имаат намера да го постават прашањето за претпоставениот нуклеарен арсенал на Израел, изјавија официјалните лица. Обама ќе им биде домаќин на десетина светски лидери за време на дводневната конференција што в понеделник почнува во Вашингтон.

Израел никогаш не потврди или, пак, негираше дека поседува атомско оружје. Израелскиот министер за разузнавање и атомска енергија Дан Меридор ќе го заземе местото на Нетанјаху на нуклеарниот самит, јави израелското радио. Повеќе од 40 земји се очекува да присуствуваат на самитот на кој вниманието ќе се фокусира на спречувањето нуклеарното оружје да им дојде в раце на милитантни групи.

Според израелски официјални лица, Турција и Египет планираат да го повикаат Израел да го потпише Договорот за неширење на нуклеарното оружје. „Овие држави имаат намера да ја искористат можноста да му удрат шлаканица на Израел. Премиерот го изрази своето незадоволство за овие намери и затоа нема да присуствува на самитот“, изјави висок израелски извор.

Нетанјаху изјави дека негов главен приоритет е справувањето со наводните намери на Иран за развој на боеви глави и проектили со долг дострел што ќе имаат капацитет да го погодат Израел. Заедно со Индија, Пакистан и Северна Кореја, Израел е една од само четирите земји што не го потпишале Договорот за неширење на нуклеарното оружје, на кој има 189 потписи. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 551 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Полскиот претседател Лех Качински загина во авионската несреќа
По шампањот, почнува трката!
Американска вечера без ЕУ во Прага
„Северен тек“ и „Јужен тек“ контра „Набуко“
Србите бараат натписи на кирилица
Грција на работ од банкрот
Комеморативен собир во Бишкек
Го молел Хитлер да добие руски колoнии
Американско-рускиот самит - бесплатна реклама за Прага