Број 3420  понеделник, 01 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

Карзаи удри по Русите за учеството во рацијата во Авганистан

КАБУЛ - Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ја критикуваше првата заедничка операција на руските и на американски агенти за уништување лаборатории за дрога во неговата земја. Карзаи изјави дека не бил информиран за учеството на Русија, чувствително прашање во Авганистан откако пред 21 година заврши советската окупација. Тој го нарече ова непочитување на авганистанскиот суверенитет и меѓународното право.

Русија соопшти дека повеќе од еден тон хероин и опиум, со улична вредност од 250 милиони долари, е уништен во рацијата. Официјални лица во Москва и порано ги обвинуваа коалициските сили во Авганистан дека не прават речиси ништо за борба против дрогата и со тоа помагаат во поддршката на околу 2,5 милиони зависници од хероин во Русија. Во петокот првиот човек на руската агенција за контрола на наркотици изјави дека неговите агенти во четвртокот учествувале во операција за уништување на „голем центар“ за производство на дрога, на околу пет километри од пакистанската граница близу градот Џалалабад.

Висок извор во делегацијата на рускиот претседател Дмитриј Медведев, кој се наоѓа во посета на Виетнам, вчера за новинската агенција АФП изјави дека реакцијата на Кабул на операцијата за борба против дрогата е „едноставно неочекувана и несфатлива“, бидејќи „авганистанското Министерство за внатрешни работи учествуваше во таа операција“. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 758 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Убиени 14 лица на спортски терен во Хондурас
Бомбашки напад во центарот на Истанбул
Иран не сака да разговара за својата нуклеарна програма
Студентка ги испратила бомбите од Јемен
2.500 години од првиот маратон
Укината забраната за „Јутјуб“
ЕУ ќе го штити еврото со построги правила






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU