Укината забраната за „Јутјуб“
АНКАРА - Турција ја укина забраната за „Јутјуб“ две години откако го блокираше пристапот до овој веб-сајт поради видеоклиповите за кои се веруваше дека го навредуваат основачот на земјата. Министерот за транспорт Бинали Јилдирим, кој е одговорен за прашањата околу Интернетот, изјави дека владата е во контакт со „Гугл“, кој е сопственик на „Јутјуб“. Јилдирим изјави дека повеќе нема причина да се забрани веб-сајтот, бидејќи се отстранети навредливите видеоклипови. Навредувањето на Мустафа Кемал Ататурк или „турштината“ е незаконско во Турција. Видеоклипот, кој беше причина за забраната, наводно, бил поставен од грчки корисници на веб-сајтот и во него Ататурк и Турците се етикетираат како хомосексуалци. Потегот, сепак, беше жестоко критикуван од голем број Турци, вклучувајќи го и претседателот Абдула Ѓул, кој побара од официјалните лица да најдат решение. (Би-Би-Си) |