АТИНА - Рекорден број луѓе зедоа учество во маратонот во Атина со кој се одбележа 2.500-годишнината од трчањето што го инспирираше модерниот настан. Во 490 година пр.н.е. атинската армија ги порази Персијците кај битката за Маратон. Според легендата, курирот наречен Фидипид трчал цели 42 километра до Атина за да ја пренесе информацијата за победата. Повеќе од 12.500 луѓе вчера ја трчаа истата маршрута како и Фидипид. Кениецот Рајмонд Бет беше победник во трката кај мажите, додека Литванката Раса Драѕаукаите кај жените.
И покрај финаниската криза во Грција, буџетот за маратонот беше зголемен. За настанот беа обезбедени 1,5 милиони евра преку спонзорства во споредба со 900.000 евра минатата година. (Би-Би-Си)
Alo Paskoooo, kade si. Mora grcistava da napravija nekoj falsifikat. Toa bese slavnata mak vojska a trkacot se fikase Filipce a ne Filipidis. Aman kazi nesto. Aha, imam ideja. Triumfalnata porta vo Skupi posvetete ja na slavnite mak maratonci.
Од: Cacko
Датум: 01.11.2010 14:02:29
Ne Pasko,ama kadee Iljov?Toj da ni kaze kako makedoncite ja trcale ovaa relacija sekojdnevno(Jogirale)duri pedeset iljadi godini pred nekojsi Fidipit (makedonec se razbira sto nasednal na grckata propaganda).