Број 3420  понеделник, 01 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

Студентка ги испратила бомбите од Јемен

Јеменката, ќерка на инженер во нафтена компанија, сепак, не е главниот осомничен, тоа е бомбашот Хасан ал Асири од Саудиска Арабија

САНА - Безбедносните сили во Јемен уапсија студентка по медицина осомничена дека ги испратила бомбите пронајдени во двата товарни авиона во Дубаи и во Велика Британија. Таа беше фатена во домот во главниот град Сана откако беше пронајдена преку телефонскиот број што го оставила во карго-компанијата. И нејзината мајка исто така беше уапсена. Официјални претставници на Дубаи и на Велика Британија наведоа дека бомбите ги имале ознаките на Ал Каеда. Американски медиуми цитираа официјални лица како велат дека бомбашот Ибрахим Хасан ал Асири, роден во Саудиска Арабија, е нивниот главен осомничен.

Британскито премиер Дејвид Камерон изјави дека направата пронајдена во Британија била планирана да експлодира во авионот. Двата пакета биле адресирани до синагоги во Чикаго. И двете бомби пронајдени во петокот изгледа биле вметнати во тонери за печатачи.

Неименувана млада Јеменка, опишана како студент по медицина и ќерка на инженер во нафтена компанија, беше уапсена во својот дом во предградието на Сана, изјави официјален претставник за безбедносните служби за новинската агенција АФП. И мајка и' исто така беше уапсена, меѓутоа, таа не е главен осомничен, откри адвокатот на уапсените жени.

Меѓутоа, „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“ и новинската агенција Ројтес објавија дека американските официјални лица го фокусираат вниманието на Ибрахим Хасан ал Асири, бомбаш, по потекло од Саудиска Арабија. За него се верува дека е еден од водечките личности во Ал Каеда на Арапскиот Полуостров (АКАП) и организатор на минатогодишниот самоубиствен напад врз првиот човек на саудиското разузнавање, принцот Мохамед бин Најеф. Принцот го преживеа нападот. АКАП е познато дека развива напредни и инвентивни техники за правење експлозивни направи. Со една од своите направи за малку не успеа во убиството на саудискиот министер за внатрешни работи, а со друга во соборување авион за време на Божик.

Не е познат точно начинот на кој овие направи требало да бидат активирани. Ова е уште еден знак за се' поголемата креативност што се поврзува со тековната амбиција. Напади врз транспортни авиони долго време се сметаше како потенцијална тактика. Милитантните групи редовно трагаат по слаби точки во безбедноста, и воздушниот сообраќај и натаму останува примарна цел.

Бомбашот, брат на Ал Асири, употребил ПЕТН, истиот експлозив пронајден и во сомнителниот пакет во Дубаи. Aдвокатот на уапсената студентка, за Ројтерс потврди дека таа била уапсена под сомнение за инволвираност во испраќање на двата пакета. „Нејзини познаници ни кажаа дека таа е мирна студентка и дека немаат сознанија за нејзино инволвирање во какви било религиозни или политички групи“, изјави тој.

Претседателот на Јемен, Али Абдула Салех, изјави дека САД и Обединетите Арапски Емирати му доставиле информации на Јемен што помогнале да се идентификува жената и тој вети дека неговата земја ќе ја продолжи борбата против Ал Каеда „во соработка со своите партнери“. „Но, ние не сакаме секој да се меша во работите на Јемен при гонење на Ал Каеда“, додаде тој.

Натамошните истраги во Јемен најверојатно ќе се фокусираат на АКАП, чие упориште се наоѓа во оддалечената провинција Шабва на југот од земјата. Коментарите на Салех за мешање, веројатно, се порака до Вашингтон да ги спречи воените напади внатре во Јемен. Дејвид Камерон изјави: „Веруваме дека направата била дизајнирана да експлодира во авионот“. Меѓутоа, тој посочи дека Вашингтон е импресиониран од брзината и од одлучноста на јеменските власти во одговорот.

„Њујорк тајмс“ цитираше американски официјални лица дека софистицираноста на направата покажува на инволвираност на Ал Каеда. Весникот цитираше еден официјален претставник: „Мрежата на направата индицира дека ова е направено од професионалци. Направено е така што ако ги скенирате сите компоненти на принтерот, тие ќе изгледаат нормално“.

Јеменските власти ги затворија локалните канцеларии на американските карго-компании УПС и „Федекс“, кои веќе ги суспендираа сите испораки надвор од земјата и ветија целосна соработка со иследниците. Премиерот Камерон изјави дека властите веднаш ги забраниле пакет��те што доаѓаат или минуваат низ Велика Британија од Јемен.

Во саботата доцна попладнето АФП го цитираше германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезере, како уверува дека „ниту еден товар што доаѓа од Јемен нема да пристигне во Германија“.


#
Статијата е прочитана 537 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Убиени 14 лица на спортски терен во Хондурас
Бомбашки напад во центарот на Истанбул
Иран не сака да разговара за својата нуклеарна програма
Карзаи удри по Русите за учеството во рацијата во Авганистан
2.500 години од првиот маратон
Укината забраната за „Јутјуб“
ЕУ ќе го штити еврото со построги правила






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU