Број 3420  понеделник, 01 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

Убиени 14 лица на спортски терен во Хондурас

Напаѓачите отвориле оган врз групата што се подготвувала за фудбалски натпревар

ТЕГУСИГАЛПА - Вооружени лица отворија оган врз група луѓе на спортски терен во северниот дел на Хондурас, при што убија најмалку 14 лица, соопштија властите. „ во саботата Тука има 14 загинати. Десетмина биле убиени на теренот, а уште четворица им подлегнале на раните на пат кон болница“, изјави Леонел Сауцеда, портпарол на Министерството за безбедност на Хондурас. Вооружените лица пристигнале со два автомобила и отвориле оган од автоматско оружје врз групата што се подготвувала за фудбалскиот натпревар во Сан Педро Сула, голем центар за текстилната индустрија во земјата, лоциран на околу165 километри северно од Тегусигалпа.

Веднаш не беше јасно што го предизвикало нападот, меѓутоа областа е дувло на насилни ривалски банди, кои често се инволвирани во трговија со наркотици. Весникот „Ел тиемпо“ објави фотографии како се товарат крвави тела во приколка на пикап-камион.

Во септември беа убиени од 17 лица платени убијци што им припаѓаат на уличните банди поврзани со насилните мексикански наркокартели. Борбата со уличните банди и конкурентските картели доведе до остра ескалација на насилниот криминал во Хондурас во последниве неколку години. Сан Педро Сула се наоѓа во регионот каде што наркобандите се познати по тоа дека го рафинираат кокаинот пред да го испратат на пазарите во САД. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 458 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Бомбашки напад во центарот на Истанбул
Иран не сака да разговара за својата нуклеарна програма
Студентка ги испратила бомбите од Јемен
Карзаи удри по Русите за учеството во рацијата во Авганистан
2.500 години од првиот маратон
Укината забраната за „Јутјуб“
ЕУ ќе го штити еврото со построги правила






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU