Број 3363  петок, 20 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Воениот буџет на дното

Светлана Унковска

Началникот на Генералштабот на АРМ, Мирослав Стојановски, кога и годинава на свеченоста на Денот на Армијата реши остро да забележи на постојаното кратење на армискиот буџет, најверојатно, очекуваше дека тоа барем овој пат ќе има некаков ефект или барем разбирање. Но, министерот за одбрана, Зоран Коњановски, и овој пат го игнорираше и си остана доследен на напишаниот говор во кој рече дека напредуваат на сите полиња. Истото се случи и лани и да не беа малку изменети зборовите и на Стојановски и на Коњановски, ќе беше како на филмска клапа. Иста сцена, втор пат. Началникот критикува, говорот на Коњановски си врви.

Армијата веќе со години очекува да ја добие потребната опрема, односно да се реализираат ветените набавки на оклопните транспортери, хеликоптери, радари, комуникациски систем, а униформите за Армијата промовирани пред околу две години се' уште се шијат. Професионалните војници и натаму под постојани притисоци се на протести, барајќи да им се реши нивниот статус. Но, Коњановски со ништо од ова не може да се пофали дека остварува, туку уверува - реализиравме капитални проекти. И како да се работи за директор на некое трговско друштво или градежна задруга, тој ги набројува капиталните проекти во изградба на станови за припадниците на АРМ, доизградба на полигонот Криволак, реконструкција на гарнизоните, пренамена на старите касарни во „нов развој“, и за да не избега целосно од темата, апстрактно наведува подобрување на состојби во ВИНГ, реформи во военото здравство, воени униформи, Воена академија итн, итн.

И додека ова замајување на јавноста трае, военио�� буџет, кој одамна го допрел дното, почнува да ги поместува и најдолните граници. Силогизмот на министерот е дека во светската економска криза сите ги крателе буџетите и дека затоа и кај нас се крати. Ако е така, тогаш дали во Македонија светската економска криза стасала уште пред многу години и дали е криза само за армијата, но не и за полицијата со прелеани пари од Армијата не запираат набавките на опрема?

Поради кастрењето на буџетот и заостанувањето во опремувањето и модернизацијата на АРМ, од Брисел ни ги испорачаа и забелешките дека Македонија почнала да заостанува во реформите. И за тоа Коњановски и самиот е свесен затоа што тој лично изјави дека буџетот на Армијата е 1,4 проценти од БДП, што е речиси двојно под преземените обврски од 2,2 процента. Македонија полека, но сигурно влегува во опасна зона губејќи ја позицијата што со години ја имавме како земја што добиваше високи оценки од НАТО. Но, трендот на намалувањето на борбената готовност на Армијата што е присутен во последниве години со кратење на буџетот ги потврдува стравувањата дека се доведува во прашање нашиот пат кон НАТО. Се чини дека единствено македонските мировници, кои достојно ја претставуваат земјава пред големите воени сили, останаа единствената потпора на евроатлантските интеграции на Македонија.

А, со говори и фалби за реализирани „капитални проекти“ што ги слушаме на секој роденден на Македонската армија, ниту министерот, а ниту Владата во целина може да очекува некаков позитивен исход, иако како некоја флоскула одвреме-навреме се нафрла дека Македонија им е посветена на реформите и на членството во НАТО.

За волја на вистината, изненади претседателот на државата и врховен командант, Ѓорге Иванов, кој за разлика од министерот, сепак, застана на страната и на началникот на ГШ, но и на реалноста кога рече дека на Армијата и' се потребни пари и дека без вложување, стекнатите реформи можат лесно да се изгубат. Затоа Коњановски треба да ги остави градежните работи и како министер да се ангажира да го обезбеди потребниот буџет и да спроведе барем дел од обврските, дури и во ова кризно време, за како што рече и претседателот, Армијата да може да одговори на своите задачи.


#
Статијата е прочитана 675 пати.

Испрати коментар

Од: Moris
Датум: 20.08.2010 07:46:19
Stojanovski treba da razlikuva sto e svecenost a sto resavanje na problemi. Na svecenost s egovori sveceno , a ne se prosat pari od politicarite.Toj ne moz ed aja smeni matricata od JNA ako se zalis javno so podrska na javnosta ke ti dadat parit. Treba malku da vezba odnosi so javnosta, intervjua i slicni raboti.Vakvoto baranje a npari e samo maska deka toa ne go rabotel vo ramki na sistemot redovno ili go rabotel ama ne go esapat. Znaci na svecenosti ne se resavaat problemi so placenje.Treba konstanten pritisok oti ministerot ne moze d asvati nema kapacitete a ni Stojanovski nema kapacitet d amu objasni pa se rovoski zakopani i sluzbeno funkcioniraat. Ajde videte gi koi gi unapredi vo polkovnici. Dali edniot bese od sluzbata za bzbednost vmesan odnosno smenet kako nesposoben vo aferata oruzje ili ja sum se prepoznal. Toa e
Од: Dolno Vodno
Датум: 20.08.2010 11:02:40
Na nacalnikot na KSh Stojanovski , sigurno mu doslo prekuglava da objasnuva, da bara da moli za potrebite na Armijata po administrativen pat, pa kurazno toa go izlozil na eden vakov praznik za site da cujat i znaat, stavajki si ja pod PRASALNIK i funkcijata. Nasata Armija,e vistina za zalenje i staveni se na nivoto kako da se diva horda, daleku od svetskite normi za branitelite na tatkovinata. Dovolno e da se vidat ,retkite oficeri isprateni na doskoluvanje nadvor od Mk. so kakvi sretstva prezivuvaat i se skoluvaat vo sporedba so svoite kolegi, duri i od sosednite drzavi i onie od bivsata JU! Za zal, i vo Armijata ima politika i poelsno odat "nagrore" onie so "knishka" sto e nedozvolivo i so predvideniot zakon za vojnite lica i politikata!!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Промоторите не остваруваат
Партиите ги кријат донаторите и од Брисел
Колкав е прагот на толеранција на Груевски кон министрите?
Се раскрчмува имотот на „Градски аптеки“
Никогаш не сум имал лоши мисли за Македонија
Математиката на претседателот
Готвам исто како што љубам
Тајна венчална церемонија (2)
Што е луксуз денес?
Освежување и потсетување на љубовта
На победа и во Унгарија
Премиерот не знае што подготвува Нимиц
Млади музички милионери