Број 3363  петок, 20 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Свадби

Тајна венчална церемонија (2)

Многу ѕвезди се придружуваат кон светото правило за одржување тајна венчална церемонија

Бојан Шашевски

Дефинитивно, за многумина венчавката е интимен, незаборавен, но и посебен чин, а без оглед на приматот и на славата што ја уживаат, ѕвездите се придружуваат кон светото правило за одржување тајна венчална церемонија. Се' се случува скришно и тајно, а бегајќи од гладните папараци, во јавноста едвај да прострујат информации што би ги скокотнале обожавателите. Ве потсетуваме на неколку примери кога сопружниците на свој начин го кажале судбинското „да“ со интимно славје, скромна листа на гости, посетувајќи егзотична локација за означување на љубовната приказна..

По се' изгледа дека младешкиот изглед, глобалната популарност и хуманитарните активности не се единствените нешта што ги врзуваат британскиот актер Орландо Блум и австралиската манекенка Миранда Кер. Љубовта ги спои, а и прилично ги загреа, па само еден месец по свршување, решија да ја легализираат врската и да приредат интимна венчална церемонија. Секако, не стигнаа поканите за медиумите, а воопшто не се знае ниту за кого беа изготвувани. Познато е дека малата приватна церемонија се одржуваше на локација близу Лос Анџелес, а прославата помина без ексклузивни детали и фотографии. Но, парот воопшто не трошеше време, па отиде на заслужен меден месец. Откако си ја официјализираа љубовта, дојде време да летнат до карипскиот остров Аквила. Пријателите на популарната двојка сосема отворено кажаа дека ангелот на „Викторијас сикрет“ е веќе трудна, па можеби и затоа приредија толку избрзана, инстант венчавка. Веднаш беше забележан растечкиот стомак на моделката. Еден од вработените од карипскиот хотел наведе дека Орландо постојано се извинувал за испадите на новопечената сопруга, знаејќи за трудничките хормонални турбуленции. За да може да ужива на сопствената венчавка и во медениот месец, моделката ја жртвуваше ревијата за брендот „Дејвид Џонс“. Го откажа учеството во презентирањето на летната колекцијата на еминентниот синџир на продавници. Та нели ова еднаш се случува во животот...? Единствено, може со последното да не се согласи американскиот ТВ-шоумен, седмобоецот Лери Кинг.

Музичкото дуо, хип-хоп ѕвездата Џеј-Зи и ар-ен-би дивата Бијонси со години избегнуваат какви било дискусии околу нивниот љубовен, но и професионален однос. Се' се слуша, се гледа, па и се имитира отпосле. Соработниците не изоставија такво нешто и за судбоносното „да“ ја продолжија медиумската криенка одржувајќи тајна венчавка, приредена само за најблиските членови на семејството и за пријателите. Привилегија да ги споделат веселите мигови имаа Кели Роуленд и Мишел Вилијамс, партнерките на Бијонси од „Дестинис чајдс“, како и актерката Гвинет Палтроу. По црковниот чин, според сведоците, забавата продолжила во луксузниот апартман на раперот лоциран во Требека, Менхетн. На врвот на зградата, на самиот балкон на резиденцијата беше поставен енормен бел шатор. За потребите на венчавката се изнаредија еден куп црни комбиња пред „мистериозниот простор“ во Њујорк, доставувајќи 50 или 60 илјади специјално наречени бели тајландски охридеи и дваесетина метални држачи за свеќи, високи и до еден и пол метар. Сосема доволно за приватна церемонија. Одговорноста за музичката претстава му беше доделена на Диџеј Касиди, омилениот вртач на плочи на Џеј-Зи.

Со објавувањето на колоритните фотографии, магазинот „Пипл“ се погрижи јавноста да фрли поглед повеќе на венчавката на атрактивната актерка Меган Фокс со Брајан Остин Грин, попознат како Дејвид од тинејџерската хит-серија „Беверли Хилс“. Освен младенците и нивното скромно обезбедување, на церемонијата на Хаваите како единствен сведок се појави 8-годишниот син на Грин, Касиус, од претходната врска. Младата 23-годишна холивудска ѕвезда, која ја шутнаа од третото продолжение на блокбастерот „Трансформерс“ поради претенциозниот однос кон екипата на филмот, целата беше обвиена во бела свилена венчаница од Армани со должина од четири метри, додека избраникот Грин имаше панталони и бела кошула, сосема едноставно без никаква вратоврска, исто така, избрани од италјанската дизајнерска куќа. Воопшто не беше чудно што носеа креации од Армани – ботоксираното лице на Меган неодамна стана заштитен знак на брендот. Слично облечен како татко си, малиот Касиус во голема школка им ги донесе прстените на вљубениот пар, па автентично облечениот хавајски свештеник можеше да им ги постави к��учните прашања. Нивните родители и поширокиот круг на семејството беа известени дури по венчавката, истовремено дознавајќи со јавноста.

Интересно е што трапавата Фокс во почетокот на летната сезона, по повторното свршување со Грин, го изгуби и вториот свршенички прстен, а телохранителите и целото обезбедување на хотелот во кој отседнуваше парот мораше да ја раскопа целата плажа на Хаваите. Од прстенот ни трага ни глас, па дарежливиот Брајан набави нов.

По речиси една деценија од стартот на љубовната авантура, актерската двојка, Харисон Форд и 23 години помладата Калиста Флокхард, конечно, решија да го крунисаат партнерството и да ги почестат пријателите со венчавка. Откако романтичниот „Индијана Џонс“ на минатогодишниот Свети Валентин клекна и ја побара раката на својата избраничка, сега сосема тајно, без многу врева и медиумска прашина, двајцата побегнаа на северниот дел на Санта Фе за да си ги разменат венчалните прстени. Заедничкиот пријател Бил Ричардсон, гувернерот на Њу Мексико, беше мистериозниот домаќин на настанот. Освен холивудските познаници, во дворот на раскошната резиденција на Ричардсон присуствуваа и дипломати од Јужна Кореја, како и Чарл Даниелс, главата на регионалниот Врховниот суд на Њу Мексико. Ова е веќе трет брак, трета мајка за продуктивниот Форд, кој зад себе остави 5 деца и 3 внуци.


#
Статијата е прочитана 1840 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Промоторите не остваруваат
Партиите ги кријат донаторите и од Брисел
Колкав е прагот на толеранција на Груевски кон министрите?
Воениот буџет на дното
Се раскрчмува имотот на „Градски аптеки“
Никогаш не сум имал лоши мисли за Македонија
Математиката на претседателот
Готвам исто како што љубам
Што е луксуз денес?
Освежување и потсетување на љубовта
На победа и во Унгарија
Премиерот не знае што подготвува Нимиц
Млади музички милионери