Број 3363  петок, 20 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Тинејџерски икони

Млади музички милионери

Уживаат светска популарност кај младата публика

Александар Митевски

За големите светски имиња и ветерани во светската музичка индустрија не говориме во овој број, туку за младите ѕвезди кои се водечка сила во САД и во светот. Тие не се воопшто за потценување и имаат огромна публика која стои зад нив и ги купува нивните албуми, ги разграбува влезниците за нивните концерти и зад себе иако немаат многу години од животот, натрупале огромно лично богатство кое го заработиле од љубовта со која се занимаваат – музиката.

Се чини дека е ова феноменална година за младиот Џастин Бибер, кој се движи со неверојатна нагорна линија во својата релативно кратка музичка кариера. Чудото од дете, како што го нарекуваат ова 16-годишно момче, граби со брзина на светлината и со својот музички феномен ги засени многумина од неговото поп-опкружување. Откако постираше стотина видеоклипови од своето талентирано пеење и имитирање на неговите музички идоли на „Јутјуб“ во 2007 година успеа да се наметне и да го сврти вниманието на милиони гледачи во светот кои ја препознаа неговата мила ѕвезда. Ова момче од Онтарио ја туркал својата музичка приказна преку локални избори на таленти се' додека светот не слушна за него и не го издаде деби-синглот One Time во 2009 кога започна со инстантниот успех. Кон крајот на 2009 година тој го издаде своето албумско првенче My World и крена цела манија зад себе која резултираше со вистински мултиплатинести тиражи за да продолжи со логичкиот следбеник My World 2.0 кој годинава му ги донесе сите признанија што можеше да ги замисли. Речиси во сите земји од светот се истакнуваше неговиот комерцијален хит Baby кој му донесе многу настапи, концерти и огромна заработувачка. Се чини дека на овој млад милионер се му поаѓа од рака, па така на популарниот „Твитер“ разменил убави зборови со својот идол Кени Вест со кого е можно и да направи музичка соработка со блиска иднина.

Друга млада ѕвезда околу која се крева доста прав, секако, е и Селена Мари Гомез, девојката која ја глуми познатата Алекс Русо од познатата креација на Дизни „Волшебниците од Веврли“, која ги урива сите рекорди на гледаност. Оваа млада пејачка и актерка глумеше во повеќе тинејџерски блокбастери, потпиша исклучително сериозен договор со „Холивуд рекордс“ според кој сними песни за филмот Tinkerbell, Another Cinderella Story и, секако, Wizards Of Waverly Place. Оваа мултиталентирана девојка има свој бенд Selena GomezиThe Scene и на крилјата на нејзината популарност успеа да сними со нив албум KissиTell кој излезе многу добро на пазарот кон крајот на 2009 година. Таа моментално е при крај со подготовките за печатењето на нејзиното второ издание, нов албум со својот бенд Selena Gomez и the Scene, кој носи наслов A Year Without Rain што се очекува да биде навистина распродаден уште од самото појавување кон крајот на септември. Оваа талентирана 18-годишна старлета во денешно време заработува и по 100 илјади долари од еден свој музички настап и се говори дека за кратко време ќе го наголеми своето богатство.

Хит во Америка и во светот е младиот црномурен пејач Џејсон Дерило, кој веќе има два хит синглови зад себе, Watcha Say и, секако, новиот успех In My Head кои се извадени од неговиот деби албум кој го носи неговото име. Џеј Ар Роутем, познат студиски продуцент виде навистина квалитети во ова младо момче и го испродуцира неговиот хит-албум, кој е навистина шарен и ги задоволува сите вкусови. Младата ѕвезда Џејсон можете да го погледнете и во филмот Turn The Beat Around, кој беше прикажан на музичкиот канал МТВ, а најновите информации говорат и дека кралицата на поп-музиката, Мадона, го забележала талентот и креативноста на ова младо момче. Како што стојат работите, тој најверојатно е поканет за соработка и да биде дел од тимот што ќе го продуцира новиот албум на Мадона, а тој најмногу се израдувал на оваа идеја затоа што е нејзин огромен фан и растел со нејзините песни. Според него, Мадона е и кралица на трансформациите, секогаш нешто менува и тој се радува што неговите идеи за новиот изглед и звук на Мадона ќе бидат имплементирани во нејзиниот нов проект.

Голема млада и сјајна ѕвезда е младата девојка Кејти Пери (во октомври ќе наполни 26 години) и изобилува со многу таленти, почнувајќи од пеењето, водителството, актерството, пишувањето и, секако, музицирање. Пери потекнува од Калифорнија, поточно Санта Барбара, и целиот свој досегашен живот го поминала со музиката. Откако снимила почетнички госпел албум во 2001 година, таа направи прогресија со тоа што се здружи со Матрикс тимот и го создаде својот соло-албум во 2004. Tаа моментно навистина царува со летната сцена и нејзиниот хит „Девојките од Калифорнија“, кој го насними со раперот Снуп Дог, е вистински хит во светот, а таа е дел од големата турнеја која моментално е стационирана во Јапонија. Кон крајот на август, таа го промовира долгоочекуваниот албум Teenage Dream. Оваа девојка, која е буквално преангажирана и барана, има понуда за свое актерско деби и тоа ќе ја игра популарната Штрумфета во екранизираната верзија за сините суштества од шумата Штрумфови. Овој светски филмски хит се очекува да се појави во киносалите во 2011 година и покрај неа играат и Нил Петрик Херис, Џонатан Винтерс и Алан Каминг.

Голема тин-ѕвезда во светот е и популарната Дестини Хоуп Сајрус или Мили Сајрус, која светот ја идентификува со популарната тин��јџерска хероина Хана Монтана од популарната серија. Оваа популарна девојка од Тенеси не е случајно во шоу-бизнисот, најмногу поради фактот што потекнува од семејство низ кое постојано провејувала музиката. Мајка и' е Летисија Тиш, а татко популарниот кантри пејач Били Реј Сајрус, а таа има и петмина браќа и сестри покрај себе. Брат и' Трејс е гитарист и вокал на електророк-бендот Метро Стејшн, а сестра и' Бренди свири гитари на концертите на својата позната сестра Мили. Ова ѕвездено девојче згора на се' е и внука на славниот политичар од демократскиот табор Рон Сајрус. Таа во 2006 година го издаде албумот Hannah Montana 2/Meet Miley Cyrus, а година потоа издаде и свој сопствен соло-албум Breakout од кој ги запаметивме сингловите кои одлично поминаа како 7 Things,See You Again и Fly On The Wall. Пред да го издаде годинава третиот студиски албум Can’t Be Tamed, Мили ги имаше тинејџерските хитови Party In The USA и When I Look At You кои станаа вистински химна на младата популација во Америка.

Од екипата на талентирани холивудски деца музичари, секако, не може а да не ги споменеме момците Џонас брадерс, кои иако малку потпораснаа, за нив уште повеќе лудуваат тинејџерките од светот, концертите им се секогаш распродадени, албумите им се разграбуваат во огромни тиражи и секој нивни нов сингл е моментален хит на топ-листите во светот. Но, за огромната популарност и влијателност на овие момци (Кевин, Џо и Ник) говори уште еден непобитен факт, тие се вистински музички фаворит на највлијателното семејство во светот, семејството Обама, кое напросто ги обожава овие момци. Тие настапија и на специјалниот концерт по повод неговата инаугурација во Вашингтон, но и покрај тоа тие се добри пријатели со семејството, имаат добар изглед и однесување и, секако, имаат многу заразни хитови на кои паѓа семејството Обама и нивниот подмладок. За нивната влијателност и поддршката говори настанот на кој браќата беа повикани да го придружуваат легендарниот Пол Макартни додека ја добиваше Гершвиновата награда од страна на претседателот Обама. По барање на Мекартни, овие музикални браќа отсвиреа кавер-верзија на Битлсовиот хит Drive My Car.

Друга тинејџ-сензација во светот, секако, е и кантри ѕвездата Тејлор Свифт, која жари и пали на сцената со своите нумери, музикалноста, природноста, убавината и успешната маркетиншка машинерија што е околу неа. Оваа кантри поп-принцеза е миленичка на сите генерации во САД и во светот, а со нејзиниот албум Fearless таа ја доби заслужената награда „Греми“ за најдобар албум, признание кои уште повеќе и' ги отвори вратите на популарноста и концертирањето. Оваа млада кантавторка веќе со сигурност е милионер, а дополнителни ангажмани и донесе и нејзиното филмско деби во улогата на Фелиција во холивудскиот блокбастер Valentine’s Day, за која заслужи оправдано и награда за најдобро филмско деби на неодамнешните тинејџерски награди.

Одлично котира и уште една Дизниева креација, популарните Гепард-девојки или The Cheetah Girls, кои станаа неверојатно популарни ликови преку каналот Дизни во филмот, кој има веќе неколку успешни продолженија. Тие за потребите на филмовите наснимија неколку распродадени саундтрак албуми кои директно се најдоа на билборд листата во САД и продадоа над 2 милиона копии од нив. За овие девојки може да се каже дека се вистински маркетиншки хит во Америка и вистинска златна кокошка за нивните менаџери затоа што успеаја да развијат своја сопствена препознатлива модна линија, неколку барани колекции на парфеми со нивен заштитен знак, специјални кукли со нивни ликови, серија книги и популарни видеоигри. Тие се на ниво на национални тинејџ-икони и досега успеаја да направат 3 американски турнеи: Cheetah-licious Christmas Tour, The Party’s Just Begun Tour и One World Tour, кои им донесоа непроценливо богатство и популарност. Еве само чисто како информација, од нивната втора турнеја девојките успеаја да инкасираат околу 43 милиони долари.

Повторно се активираа и младите русокоси американски момчиња Хенсон, кои беа актуелни во 1990-тите години. Овие поп-рокери од Оклахома (Ајзак, Тејрол и малиот Зек) не се веќе мали дечиња кои ги паметиме од светскиот хит и спотот MMMBop од 1997 година, туку се израснати тинејџери кои очекуваат публиката да им даде втора шанса и со новиот проект да се обидат да го достигнат огромниот бум што го направија во минатата декада.


#
Статијата е прочитана 754 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Промоторите не остваруваат
Партиите ги кријат донаторите и од Брисел
Колкав е прагот на толеранција на Груевски кон министрите?
Воениот буџет на дното
Се раскрчмува имотот на „Градски аптеки“
Никогаш не сум имал лоши мисли за Македонија
Математиката на претседателот
Готвам исто како што љубам
Тајна венчална церемонија (2)
Што е луксуз денес?
Освежување и потсетување на љубовта
На победа и во Унгарија
Премиерот не знае што подготвува Нимиц