„Нема ништ�� ново околу спорот за името. Mедијаторот Метју Нимиц е активен, имаше контакти со двете страни и идните случувања ќе зависат од него“, соопшти вчера премиерот Никола Груевски. Според него, македонската страна е постојано во комуникација со медијаторот, но дали ќе има рунда разговори или евентуално негова посета на Македонија, не може да прејудицира. „Во секој случај, тој го одржува темпото на контакти, на комуникација и на консултации. Што ќе се случува понатаму ќе зависи од него“, рече Груевски.
Обвинувањата од опозицијата дека власта постојано го опструира евроинтерацискиот процес на државата за премиерот Груевски се резултат на недостаток на аргументи. „Земја која не е заинтересирана за влез во ЕУ не би се трудела толку многу да дојде до позитивен извештај и препорака за отворање на преговарачкиот процес. Знаете дека потоа пречката беше од страна на Грција и оти сме фокусиран на тој проблем. Но, да се каже дека оваа Влада не е заинтересирана за евроинтеграцијата е навистина обвинување без никаков аргумент, имајќи предвид колку многу закони се донесоа, колку многу активности се направени и разни други мерки со кои се унапреди процесот на европски интеграции и, пред се', се унапреди квалитетот на живот на граѓаните“, рече Груевски. „Напротив, оваа Влада е една од оние што се најмногу фокусирани и има најмногу активности поврзани со евроинтеграцијата. Токму оваа Влада заедно со сите други институции успеа да ги исполни сите потребни работи за добивање на визната либерализација, која е еден од чекорите кон европеизација на државата“, рече тој.
Груевски негира дека последните вработувања на припадници од немнозинското население во администрацијата се резултат на партиски договор со коалицискиот партнер ДУИ. „Нема никаков партиски договор, во прашање е спроведување на Рамковниот договор, односно програмата К-5, која предвидува секоја година да се зголемува бројот на вработени во администрацијата. Тоа е договорено во 2001 година со потпишување на Рамковниот договор за чие спроведување се залагаме сите. Не може и да се залагаме за спроведување и да не го спроведуваме“, укажа Груевски.
Тој информира дека веќе има идеи и се подготвуваат одредени промени за подобрување на системот за вработување согласно со Рамковниот договор, за чии слабости има укажувања.
„Веќе подготвуваме одредени промени и тестови така што работите ќе се придвижуваат кон подобро. Инаку, Рамковниот договор мора да се спроведува, бидејќи тоа е општоприфатено начело во државата, потпишан е, и е дел од Уставот. Можеби некому му се допаѓа, некому не, но кога е веќе потпишан и ставен во Устав, мора да се спроведува. Чекор по чекор ќе го подобруваме и квалитетот на приемот на нововработени. Свесни сме дека има одредени слабости, укажано е за тоа, но чекор по чекор и тоа ќе го подобриме“, изјави Груевски. (Н.Р.)
Најголем работодавец е премиерот,како директор на најголемата фирма администрацијата.Премиере :Kаде ви е стопанството,Kаде ви се странските инвестици,што ви работат промоторите низ светот???Доста лажевте и к........
Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 20.08.2010 07:54:11
Spored Ovcarot se zavisi od nekoj drug, da sme nie vo prasanje vo Makedonija ke tece med i mleko.Ne gleda li deka so ovie lazgi mozebi gi zalazuva svoite poddrzuvaci i partiskite vojnici no drugite i odnatre i od nadvor go procitaa i znaat deka site problemi ili najmnogute proizleguvaat tokmu od portokalovata politika, koja ja frli Makedonija na kolenici...
Од: СВЕТОТ ВО ГРЦИЈА ДА РЕШАВА
Датум: 20.08.2010 07:56:23
Грција нема никакво право на максималистички барања . Нимиц треба да даде предлог без задирање во она што е наше и веднаш во ЕУ интеграции. Ако неправедно бараат нешто од нас Македонците тогаш и решение несмее да има. Што е тука нејасно. Зошто политики и закани. Светот да ја скроти Грција. Во 1990 Грција ја искористи нашата колебливост дали сакаме независност. Наместо со Словенија и Хрватска за србославски интереси отиде времето.
Од: "vodolija"
Датум: 20.08.2010 09:40:33
Opozicijata NE OBVINUVA tuku UKAZUVA, deka ovaa Ideolosko Teroristicka Vlada ja vodi drzavata, cekor po cekor, do naj bliskata grobista!?Zamislite, Premier na drzava da neznae utre kako ke mu se vika drzavata!!?? Mislam deka e krajno vreme Gruevski da bide OBVINET ZA VELEPREDAJNIK i OSUDEN !!??
Од: јас
Датум: 20.08.2010 11:26:26
А кога овчарот бил крив за нешто??/ Тој е невин како невеста пред прва брачна ноќ !!! Сите други се криви , само тој НЕ !!!!Тој е безгрешен...Сите мали диктаторчина наликуваат на овој нашиов... А ист крај и ќе дочека !!
Од: Професорка
Датум: 20.08.2010 12:13:42
Не знам што значи да си фокусиран на проблемот без да го решиш, и така со години. Дури и во школо тоа не им проаѓа на учениците како изговор. Ако не знае да го реши, и тоа поволно за МК, нека си оди. Има кои можат. Тој доведе до вакви максималистички барања од Грција со митовите со кои го храни бедното (материјално и духовно) население и од него нема што да се бара да реши. Ниту сака ниту знае како. Медијаторот напорно работел, а нашиве се сунчаат. СРАМОТА
Од: Risto Andov, Skopje, Makedonija
Датум: 20.08.2010 14:50:53
DILEMI VO VRSKA SO IMETO!
Risto Andov, Skopje, Makedonija
Makedonija kako teritorijalen i etni~ki prostor, Makedoncite kako etnos, eve sega i makedonskata dr`ava, postojano izlo`eni se na razni vidovi agresivnost, genicid, omalova`uvawe, negirawe, omraza i prisvojuvawe na makedonskite vrednosti od strana na gr~kata i bugarskata nomenklatura. Vsu{nost se soo~uvame so postojano a vo posledno vreme i zasileno diveewe na gr~kite fa{isoidni {ovinisti~ki strukturi, vklu~itelno i na bugarskite podleci. Osnovna pri~ina za toa bila i ostanuva na{eto makedonsko postoewe i opstojuvawe! Eve sega so nepriznavawe na mileniumskoto ime na narodot i ustavnoto ime na dr`avata, spomnaite gr~ki, i bugarski strukturi se obiduvaat da ja prikrijat su{tinskata pri~ina za spomnatoto diveewe. Osven toa, pritisocite i baraweto za promenna na imeto na na{ata dr`ava, se pretvorija vo drska i bezobrazna ucena! Prema toa, ako go prifatime faktot deka se soo~uvame so diveewe i ucena od strana na spomtaite so