Број 3363  петок, 20 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Партиите ги кријат донаторите и од Брисел

Александра М. Митевска

Финансирањето на политичките партии во Македонија повторно не ги задоволува стандардите на Брисел. Спроти објавувањето на новиот годишен извештај на Европската комисија, македонските партии и власти се прозиваат за нетранспарентност и за непочитување на законската рамка што ја регулира оваа проблематика.

Собранието пред една година го измени Законот за финансирање на политичките партии, со цел да се испочитуваат препораките на ЕК и да се придонесе за позитивен годишен извештај - што лани и се случи. Меѓутоа, во мај годинава мисијата на ЕК, која ги проценуваше состојбите во областа на правото, безбедноста и корупцијата во Македонија во својот извештај - во делот за финансирањето на партиите, забележа: „Ова е типичен пример за неизвршување на постојната легислатива“. Според тоа, Брисел издејствува да се донесе регулатива со европски стандарди за финансирање на македонските партии - корекциите во Законот беа усвоени без ниту еден глас против. Но, една година подоцна стана јасно дека таа регулатива, едноставно, не се применува!

Забелешките на експертите, главно, се однесуваат на оние области што минатата година беа додадени или допрецизирани во Законот, за да се обезбеди јавност во финансирањето на партиите и

во изворите на финансирање, систем на контроли и заострување на казните.

Законот предвидува партиите да подготвуваат квартални извештаи за донациите, како и годишни финансиски извештаи и завршни сметки, што треба да се објават на партиските веб-страници и во дневниот печат и да се достават до Министерството за финансии, Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи, Централниот регистар, Министерството за правда. Но, чудни се податоците што овие институции им ги дале на претставниците на ЕК. Според нив, кај ревизорите во 2009 година стигнале два квартални и еден годишен извештај на донации, 11 годишни извештаи и шест завршни сметки, додека од Министерството за правда тврделе дека се поднесени 34 годишни извештаи. Од УЈП, пак, информирале дека во Скопје се регистрирани 79 партии, од кои 34 поднеле извештаи за 2009 година. Партиите не доставиле списоци на донатори за оваа година, освен Либералната партија на Македонија за 2010 година. Во Тетово, од девет регистрирани партии, ниту една не поднела тримесечен извештај за донации, а само ДПА доставила годишен извештај. Две партии регистрирани во Битола, исто така, не ги исполниле обврските од Законот за финансирање на политичките партии.

Експертскиот тим на ЕК, кој беше во Македонија, смета дека ваквите статистички варијации се загрижувачки и оти речиси не постои усогласеност со законските одредби. Во извештајот е забележано и дека никој не е санкциониран поради неисполнување на обврските. Сепак, Законот предвидува казни и тоа во висина од 4.000 до 5.000 евра за политичка партија и до 1.500 евра за одговорно лице во партијата.

Упатените во оваа проблематика сметаат дека начинот на финансирање на партиите во земјава е еден од основните генератори на корупцијата и оти се' уште не е целосно надмината состојбата во која партиите одговараат пред своите донатори, место пред избирачите. Некои експерти сметаат и дека, во согласност со европските искуства, една од санкциите што треба да се предвидат за непочитување на овој Закон е на партијата што прави прекршок да и' се одземаат мандати во Собранието.


#
Статијата е прочитана 1076 пати.

Испрати коментар

Од: pero
Датум: 20.08.2010 11:52:30
partiite gi krijat svoite donatori, koi pari se vo igra treba da kazat da bidat transparenti zatoa sto toj sto donira posle mnogu poveke zima ke moze da se povrzat so skandalite.... Bravo za Liberalnata partija na Makedonija koja edinstvna i na najtransparenten nacin gi obajvi svoite donatori na finansiski sredstva. Tkaa se raboti da se znae koj kolku dal a posle se gleda spored toa koj kolku zemal.
Од: забеган.
Датум: 20.08.2010 12:30:44
На Род-Благоевиќ во Америка за криејне донатори мусе заканува казна од 5 годинчина.Овие нашиве лапна се и влакно од глава не им фали.Македонска демократија.
Од: перпетум мобиле
Датум: 20.08.2010 14:33:40
Ja знаат математика и давателите иконзументите.Сметките секогаш ги расчистуваат кога ќе се дојдат во опозиција.Заборавиле само едно.Заедно одат во пропаст и тие и народот.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Промоторите не остваруваат
Колкав е прагот на толеранција на Груевски кон министрите?
Воениот буџет на дното
Се раскрчмува имотот на „Градски аптеки“
Никогаш не сум имал лоши мисли за Македонија
Математиката на претседателот
Готвам исто како што љубам
Тајна венчална церемонија (2)
Што е луксуз денес?
Освежување и потсетување на љубовта
На победа и во Унгарија
Премиерот не знае што подготвува Нимиц
Млади музички милионери