Број 3363  петок, 20 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Никогаш не сум имал лоши мисли за Македонија

Љ��бомир Левчев, добитникот на „Златен венец“, рече дека десет години мечтаел да ја добие оваа престижна поетска награда

Мики Трајковски

Струга - „Никогаш досега не сум имал лоши мисли за Македонија. Секогаш со љубов сум пишувал за Вашата земја, иако тоа на некои луѓе, како во Бугарија, така и во Македонија, не им одговараше и се' уште не им одговара“, рече 75-годишниот бугарски поет Љубомир Левчев, годинашен добитник на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“.

Средбата со Левчев го означи и стартот на годинешната манифестација, која започна вчера во Струга со садење дрво во Паркот на поезијата и со Меѓународната поетска манифестација „Меридијани“. Левчев, кој по цели 18 години е повторно во Македонија, вели дека односите меѓу двете држави во овој момент се на многу повисоко ниво од кога и да било порано. „Можам да ви кажам дека односите меѓу нашите два народа полека се средуваат и тие се прилично прочистени. Но, морам да кажам дека тие не се доволно чисти како што се чисти водите на Црн Дрим, од кои може да се пие вода. Во 1992 година прв пат објавив македонска поезија од неколку македонски поети“, рече на прес-конференцијата поетот Левчев.

„Меѓу нашите народи долги години постоеја политички ѕидови, нешто слично на т.н. железна завеса. Сметам дека бугарскиот и македонскиот народ секогаш се хранеле со вистината и затоа сме преживеале се' со што сме се соочувале досега. Патувајќи од Софија до Струга со својот автомобил, пријатно се изненадив од големите промени што ги видов во Македонија. Вашата земја е прекрасна, затоа што Господ и' дал многу убавини. Вие не можете да го забележите тоа, но ние странците лесно го забележуваме тоа “, продолжи Левчев, кој пред да почне да се занимава со пишување поезија работел на железничката станица во Софија. Како што вели, тој работел се' што ќе нашол, бидејќи такво било времето.

Левчев имаше многу пофални зборови за „Струшките вечери на поезијата“. Тој изјави дека се чувствува среќен бидејќи по десет години мечтаење, конечно, ја добил наградата „Златен венец“, која за него е најпрестижна поетска награда во светот, а „Струшките вечери на поезијата“, најзначајна поетска манифестација во светот. Живата легенда на бугарската и на светска поезија додаде дека е среќен што се наоѓа овде, во градот што лежи на Дрим, а што во превод од англиски значи „сон“.

Мојот сон отсекогаш бил да седам покрај водите на реката Дрим и да им се восхитувам на убавините на овој град. Отсекогаш сум сакал да доаѓам во Струга поради дружењето со Македонија, со македонските поети и со поетите од целиот свет. Ниту една држава на светот нема искажано толку голема љубов кон нас поетите, како што го прави Македонија тоа. Инаку, меѓународната поетска афирмација на 75-годишниот Левчев почнува токму во Македонија. Неговата песна „Затворениците слушаат музика“ во превод на Гане Тодоровски, е објавена во тогашниот влијателен книжевен весник „Разгледи”.

Левчев е автор е на 50 поетски книги на бугарски јазик, објавени од 1957 до 2007 година во Бугарија и на 70 одделни книги во 34 земји во светот. Левчев е носител на 17 национални и меѓународни награди за поезија, речиси на сите континенти. Организаторите на СВП најавија учество на шеесетина поети од сите страни на светот и на педесетина домашни автори. Фестивалот ќе се осовремени со нови содржини, со мешање на жанровите поезија, музика и сликарство и настап на музичари од Израел, Шпанија, Италија и Србија, кои ќе изведуваат поезија. И годинава во рамките на фестивалот ќе бидат застапени стандардните содржини, поетските читања „Мостови“ и „Меридијани“, портретот на лауреатот Левчев во црквата „Св. Софија“ во Охрид, средбата на млади поети во „Ноќ без интерпункција“, Вечер на национална поезија, која годинава е посветена на азербејџанската, излет на учесниците во комплексот „Св. Наум“ и посета на други градови, по затворањето на „Струшките вечери на поезијата“ на 22 август. Наградата „Браќа Миладиновци“, која СВП ја доделува за најдобра поетска книга од македонски автор меѓу две фестивалски изданија, годинава му припадна на Владимир Мартиновски за стихозбирката „Квартети: за читање, гледање, пеење и слушање“.


#
Статијата е прочитана 1633 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan trade name
Датум: 20.08.2010 05:33:44
Pa makar ,da i ova, e receno od eden golem Bugarski poet„Златен венец“, која за него е најпрестижна поетска награда во светот, а „Струшките вечери на поезијата“, најзначајна поетска манифестација во светот. P.S: Ova vece mi lici na nesolena sala za tie sto gi poznavaat poetskite dvizena vo svetot,ama vakvaa izjava na eden prominenten poet ,povece mi lici ;Daj da gi izlazam Polupismenite!
Од: pameten
Датум: 20.08.2010 05:41:47
Од Татари им остана само името Бугари. Значи јазикот на Словените е македонскиот со говорот од Солун. A shto ostanalo do Frankite, Britite,ili Anglite? Nema podatoci Slovenite od Solun(sko) da prifatile imeto Makedonci, koe shto togash ne se koristelo, ili jazikot da go narekuvale Makedonski. Go narekuvale Slovenski i bil slichen na jazikot na site togashni Sloveni. Prifakjaneto na ovoj Slovenskiot jazik bilo drzhavna politika koga Sv. Kliment i Sv Naum izgradile knizhevni shkoli po celata togashna Bugarija. Megju raznite pleminja se sluchila akulturacija. Site pochnale da se narekuvat Bugari i da zborat Slovenski, koj shto vo idnite 12 veka evuliural zaednichki kako Bugarski, izgubil padezhite... Doprinesot na Makedonija za Bugarskata kultura od 8 do 20 vek e sekako golem. Najgolemata rana na Makedonskiot narod e deka pod pritisok sme si gi namrazile korenjata i barame “издајници” od 1903 1913 1945 1948 pa i denes. Mora da se soochime so istorijata I da se pomirime megjusebe.
Од: Искрено
Датум: 20.08.2010 07:55:04
Заради ароганцијата и односот на Бугарија кон Македонецот по националност и род, сомнеж постои. Но ако е искрен г-динот Левчев, искрени честитки за него и надраснатоста за реалноста.
Од: tony
Датум: 20.08.2010 08:48:33
E dobro de...
Од: mila
Датум: 20.08.2010 11:09:19
Mislam deka SVP se na svetsko nivo...i super sto nastapija od Sintezis... Gospodinot Levcev ni se pogodi kako ovencan ovaa godina, stihovite mu se kolku sto slusnav, navistina nasusni... Ponekogas i samo kontunuitetot e dovoen.
Од: do iskreno
Датум: 20.08.2010 12:30:10
Malku se Bugarite koi shto da ne prifakjat realnosta ili sakat neshto losho na Makedonija. No nema Bugarin, koj shto ke prifati deka Miladinibci ne bile Bugari, zashto tie samite se narekuvale Bugari. Ako se nauchime da go spodeluvame, a ne da go delime kulturnoto nasledstvo... ke bideme dobri prijateli
Од: Ivan
Датум: 20.08.2010 13:21:51
Cestitki za nagradata. Levcev e navistina poet od svetski format.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Промоторите не остваруваат
Партиите ги кријат донаторите и од Брисел
Колкав е прагот на толеранција на Груевски кон министрите?
Воениот буџет на дното
Се раскрчмува имотот на „Градски аптеки“
Математиката на претседателот
Готвам исто како што љубам
Тајна венчална церемонија (2)
Што е луксуз денес?
Освежување и потсетување на љубовта
На победа и во Унгарија
Премиерот не знае што подготвува Нимиц
Млади музички милионери