Шпаркасе банка со 30 експозитури
Шпаркасе банка Македонија деновиве официјално ја отвори својата 30. експозитура во Прилеп. Ширењето на деловната мрежа на Шпаркасе банка низ целата држава е една од главните стратегиски определби за 2010 година, велат во банката.
Покрај експозитурата во Прилеп, се планира отворање нова експозитура и во Скопје и реалокација на постојните експозитури во Битола и во Неготино. Експозитурата е опремена да ги извршува сите банкарски услуги.
„Групацијата покажа дека конзервативниот пристап во работењето, кој на прво место ја става сигурноста и стабилноста на банката и клиентите, а потоа профитот и добивката, придонесува за успешно справување со сите предизвици“, истакна претседателот на УО, Срѓан Крстиќ. (Д.Р.) |