Еуростандард банка воведе нов производ во палетата депозитни производи, флексибилниот „денар плус“. Флекси-депозитот е отворен денарски штеден влог што овозможува да се подигне заштедата во кое било време од договорниот период на орочување. Главна карактеристика е скалестата камата во зависност од износот на штедниот влог и рокот на подигнување на делот од орочените средства.
„Целта на овој производ е да им понудиме на нашите клиенти можност да заработуваат камата како за орочен штеден влог, имајќи притоа слобода за флексибилно управувањето со сопствената заштеда. Каматите растат скалесто и се движат до 11,5 отсто зависно од износот на штедниот влог како и периодот на неговото орочување“, изјави Горан Јосифовски, директор на Центарот за маркетинг и развој на производи. (Д.Р.)
Vo posledno vreme vo mediumite ima mnogu natpisi za "uspesite" na poedini banki. Ne se somnevam vo vistinitosta na tie natpisi,no toa e i znak deka bankarskiot "biznis" isto taka vleguva vo recesija, pa bankite preku razno-razni marketinski trikovi(i ovoj natpis e vid reklama)se obedinuvaat da pridobijat klient plus.Site vakvi napori se dobri, no e i znak deka na bankarskata scena e veke tesna i ke ima"cistenje".Nekoj nema da mozat da ja"preziveat" recesijava,pa ne e loso narodot i firmite da pocnat da vnimavaat so koj banki rabotat.Sto poskoro "propadnat" 2-3 banki, tolku podobro za celokupniot bankarski sistem, bidejki ima banki koj so sila se drzat,im se gleda kroz prsti,pa i se potpomagaat so drzavni depoziti.Toa ne smee taka da bide.