Број 3285  вторник, 18 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Пет години НЛБ Пензиски фонд

НЛБ пензиски фонд вчера прослави пет години од формирањето. „Почнавме како пионери што ја спроведуваа реформата на пензиското и на инвалидското осигурување во Македонија. Имавме задача новиот продукт задолжително пензиско осигурување да го доближиме до граѓаните и да ги убедиме дека тоа е навистина добар продукт. Сметам дека успеавме“, рече претседателот на УО на НЛБ Нов пензиски фонд, Давор Вукадиновиќ, на вчерашната прес-конференција. Тој истакна дека со поддршката на основачите, НЛБ ДД Љубљана и НЛБ Тутунска банка, станале прво друштво во Македонија кое добило дозвола да работи со задолжителни и доброволни пензиски фондови.

„Во текот на овие пет години работење се соочивме со многу ситуации, меѓу кои и со големата економска криза, но, сепак, успеавме да ја задржиме стабилноста. Доказ за стабилноста и довербата се над 114.000 клиенти во задолжителниот фонд, заклучно со 30 април годинава, со над 4,57 милијарди денари средства со кои управуваме“, рече Вукадиновиќ, нагласувајќи дека во доброволното пензиско осигурување НЛБ Пензија плус имаат 2.030 членови.

Директорот на секторот продажба, Петар Талески, рече дека Македонија од 15 јули 2009 година се приклучи кон групата држави што имаат децениско искуство во доброволното капитално финансиско пензиско осигурување. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 424 пати.

Испрати коментар

Од: Realist
Датум: 18.05.2010 00:23:57
Gledam se falat deka imale neznam kakov uspeh. Pa koja firma ne bi bila uspesna dokolku zema astronomski provizii za ednostavna rabota? Vtoriot stolb na penziskiot sistem ne e nisto povekje od obicen konzervativen investicionen fond, a za takvi fondovi provizijata e 1%, a ne bezobrazni 6.9 % ! Drzavata na NLB i Komercijalna im dade monopolska pozicija, taka sto sramno e da se falat deka bile uspesni.
Од: Censored
Датум: 18.05.2010 10:04:36
Rezultatite od NLB Nov Penziski Fond ke gi vidat clenovite na fondot, posle penzioniranje. Togash ke mozhe da se tvrdi tocno koj bil vo pravo. Znaejki go pristapot na lugeto od fondot, znaejki gi kvalitetite na vrabotenite, posebno na G-dinot Vukadinoviq, mislam deka clenovite na ovoj fond go imaat najdobroto i za toa vremeto ke pokazhe koga ke treba da primaat penzija. Pozdrav,

Најди! во Утрински
Економија
Се бара долар повеќе во менувачниците
Еврообврзницата сега е прескапа, од каде ќе се најдат пари?
Не се делат од колите
Најниски плати на Балканот
Ликвидација, па рестартирање на „Сведмилк“
Прилепска пиварница почна да го позлатува животот
Јанчевски
Шпаркасе банка со 30 експозитури
Нов производ - депозит „денар плус“