НЛБ Тутунска банка ќе се залага за ликвидација на „Сведмилк“, и покрај последната понуда за нејзино рестартирање од страна на поранешниот директор на Битолската млекарница, Живко Радески, потврди вчера првиот човек на банката, Ѓорѓи Јанчевски.
„Нереално е за мене некој да прифати обврски од 30 милиони евра и да ги врати во рок од четири години. Сметам дека пореално би било да следува ликвидација на фирмата, па потоа да се рестартира, затоа што сите би сакале да дојдат на чиста ситуација. Затоа ставот на НЛБ Тутунска банка е дека сме за ликвидација“, изјави Јанчевски. Тој нагласи дека стечајната постапка за „Сведмилк“ трае веќе една година, а како што рече, „Леман брадерс“ беше ликвидиран за две недели.
„Пролонгирањето на постапката околу ’Сведмилк‘ беше поради тоа што се бараше некој што ќе направи реорганизација на млекарницата и ќе почне од ново. Досега немаше реална фирма која би направила такво нешто и се' се сведуваше на некои навестувања, а такво е и последното изјаснување на Радески, кој тврди дека ќе направи реорганизација и оти за четири години ќе ги врати обврските кон доверителите. Тоа за мене е нереално. Затоа Тутунска банка сака да се скратат процедурите, кои предолго траат, и на некој начин дури преку нив се манипулира и со фармерите“, рече Јанчевски. Тој појасни дека сите фирми што се интересираат за евентуално купување на „Сведмилк“ во доверителите ги вклучуваат и фармерите. (Ек.Р.)
Еден од поголемите баратели на долгот на Сведмилк се јави со 9 мил евра побарување, покрај нив и млекопроизводителите се со побарување од околу 4мил евра,тоа е вкупно 13 мил.евра.Интересантно е чиви се побарувањата на остатокот од долгот во висина од 17 мил.евра,мое мислење е на други банки..И второ како успеаја да се задолжат Швеѓаните кај банките со имот вреден 16 мил.евра а земат 30 мил евра,ова е невиден модел на задолжување промовиран од нашите банки,секој би сакал да се офајди,само која е цената на поединци во банките.
Од: Југурта
Датум: 18.05.2010 09:36:58
Јас сум од антиката ,многу работи заборавам,ќе ме потсети ли виножитниот Среќко кој пиеше јогурт?
Од: gv
Датум: 18.05.2010 10:12:41
Se prasuvam za sto e gazda Ramkoski ,sigurno e za likvidacija.