Поминаа повеќе од четири години од владеењето на ВМРО ДПМНЕ, а во секторот енергетика се случува целосен крах на планираните енергетски проекти и од најавуваниот бум во енергетиката нема апсолутно ништо, обвини вчера опозициската СДСМ.
„Не е почнато со изградба на ниту еден нов енергетски објект и по повеќе од четири години се' уште нема инвеститор за ХЕЦ ’Чебрен‘ и ’Галиште‘, ТЕЦ ’Неготино‘, ’Вардарска Долина‘ и други. Не е почната изградбата на ниту една од малите ХЕЦ, иако првите понуди за нив се отворија пред повеќе од три години. Причините за ваквата катастрофална ситуација во енергетиката се неквалитетната тендерска документација, нереалните техно-економски податоци во тендерите, сложената, недоречена и неспроведлива процедура за добивање дозволи за градба“, рече Атанаско Туневски, на вчерашната прес-конференција.
Тој додаде дека Владата пред околу 16 месеци потпиша рамковна спогодба вредна пет милиони евра за консултантски услуги за енергетски проекти со еден домашен и два странски конзорциума, а досега не склучи ниту еден договор за јавна набавка за конкретна консултантска услуга со овие конзорциуми. (Ек.Р.)
СДСМ,не Ви верува народот ,два пати го изигравте и пак со истите кадри и истата технологија на празни говори и напади и дисквалификации на противникот.Со ваков пристап нема никогаш да ја освоите власта,под хитно менувајте нешто
Од: jovan
Датум: 15.10.2010 13:31:46
Bi sakal da vi pomognam, ama na vas izgleda vi nema pomos. Vas i ponatamu glavna cel vi e da se dokopate na Vlast i nisto drugo. Zarem ne gledate deka cela drzava e teatar, so taa razlika sto za nekogo e komedija a za nekogo tragedija. (Za vas najverovatno e avantura).Daj dosta i vie so toj teatar. Ponudete nesto seriozno, no ponudete i nacin na realizacija na ponudenoto. Se uste ima golem broj luge koj ve smetaat za poozbilni, no od den naden se se pomalku i pomalku. Ne gubete vreme i "otreznete se".
Од: Трпе
Датум: 15.10.2010 18:06:14
Првин ова пропагандна блада,не доведува до криза а потоа изиграва спасител.Мораме да се вратиме на свеќи и карабитни лампи а после да тргнеме на подобро.А ова со потрошените пари со консултанти е чисто перење на парииииии...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 15.10.2010 18:20:53
Г-динот Туневски вероватно ја познава енергетиката само незнам дали повеќе кога беше кадар на власта или сега на опозицијата. Ова ќе ми го објаснат опозициските коментатори. Инаку највероватно ќе го демантираат оние од ММФ кој велат дека ќе дадат од 400 до 600 мил. евра кредит,од кој дел ќе оди токму за енергетски проекти како далноводи,хидроцентрали и др.