Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Економија

Се' потешко се враќаат кредитите

Нефункционалните заеми ја надминаа психолошката граница и заклучно со јуни достигнаа 10,1 отсто, соопшти НБМ

Соња Маџовска

Фирмите и граѓаните се' потешко ги враќаат кредитите. Или доцнат повеќе од 90 дена со отплатата или, пак, влегуваат во се' поризични категории. Нефункционалните кредити ја надминаа психолошката граница и заклучно со јуни достигнаа 10,1 отсто од вкупното кредитно портфолио.

Банките годинава личат на агенции за недвижен имот, одржуваат лицитации, а и извршителите имаат полни раце работа, се продаваат станови, куќи, па и цели фабрики, деловен простор и машини како запленет имот, поради неплатен долг. Банкарите велат дека прво ги исцрпуваат сите механизми за да се одржи наплатата, најчесто со рефинансирање на долговите, но, ако и тоа не даде резултати, пристапуваат кон присилна наплата. Во овој период извршителите се особено зафатени со наплатата на минусите на кредитните картички.

Советот на Народна банка на вчерашната седница оценил дека кредитниот ризик годинава останал доминантен во работењето на банките.

„Бавното темпо на закрепнување на корпоративниот сектор и на секторот население, проследено со се' уште ограничените извори за рефинансирање, имаше негативно влијание врз нивната способност за отплата на долгот кон банките. Учеството на изложеноста класифицирана во категориите на ризик ’В‘, ’Г‘ и ’Д‘ во вкупната изложеност на кредитен ризик забележа пораст од 0,5 процентни поени во споредба со крајот на минатата година, а на 31 јуни годинава изнесуваше 8,6 отсто. Учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити се зголеми за еден процентен поен и на крајот на јуни достигна 10,1отсто. Исто така, показателот за нивото на покриеност на изложеноста класифицирана во категориите ’В‘, ’Г‘ и ’Д‘, со издвоена исправка на вредност и посебна резерва се влоши, а на 30 јуни годинава изнесуваше 79,6 отсто, со полугодишно намалување за 2,8 процентни поени“, се вели во соопштението од централната банка, која вчера го усвои извештајот за банкарскиот систем и банкарската супервизија, за периодот јануари-јуни годинава.

Ризикот е главна причина што банките тешко одобруваат нови кредити. Кредитирањето во првото полугодие пораснало само за четири отсто во однос на крајот од претходната година. Кредитите за претпријатијата се зголемиле за 4,6 проценти, а за населението само три отсто.

Намалената кредитна активност и ризикот им го стопи и профитот на банките. Тој во првото полугодие е понизок за дури 23 отсто, во споредба со истиот период лани. Вкупната добивка на банките за првите шест месеци годинава изнесува 497 милиони денари, односно само осум милиони евра.

Сепак, граѓаните се' уште имаат голема доверба во банките, што го потврдува растот на депозитите од 8,3 отсто, во првото полугодие од годинава. Се штеди најмногу во денари, бидејќи за овие депозити и каматите се привлечно високи.

Она што ги спасува домашните банки е високата ликвидност. НБМ оценува дека банките работат стабилно и со голема внимателност. Заклучно со јуни ликвидните средства на банките достигнале ниво од 76.358 милиони денари, со годишен пораст од 53,3 отсто. Вкупната актива на банкарскиот систем изнесува 282,3 милијарди денари и бележи раст од 5,1 отсто.

НБМ во полугодишниот извештај констатира дека се поволни и движењата на девизниот пазар. Дефицитот на тековната сметка на билансот на плаќања е сведен на 1,7 отсто од БДП, наспроти 6,6 отсто во првото полугодие лани. Тоа се должи на стеснувањето на трговскиот дефицит и на повисоките приливи од приватни трансфери. Во првото полугодие девизните резерви се искачија на 1,7 милијарди евра.

Инфлацијата е 0,8 отсто, а економската активност бележи пад од 0,4 отсто. Во вториот квартал се забележани, генерално, поповолни движења, при реален раст на БДП од 0,4 отсто, што упатува на постепено закрепнување на економијата, велат од централната банка.


#
Статијата е прочитана 662 пати.

Испрати коментар

Од: kizo
Датум: 15.10.2010 13:14:09
da li si go vratil ili ne toa ne zavisi od tebe,bidejki oni i po nekolku pati i po zatvaranje na kreditot ti naogjat deka nesto ne si platil vo ova nasa drzava na modernite lihvari ime dozvoleno se a za toa nekoj im dal amin.
Од: exorcist
Датум: 15.10.2010 21:22:41
Kreditite i onaka bea dodeluvani samo na odredena grupa na firmi i gragani koi se na zadaca da ne gi vrakaat, a koalicijata sdsm-dpmne vo meguvreme raboti na propaganje na bankite.. toa im se sluci na Almako, Export-Import ( za cii menager sega na golemo se kuti), Makedonska Banka, koja bese nevideno razgrabana i nejziniot imot nacionaliziran protiv zakonski i uste po nekoja sitna stedilnica..

Најди! во Утрински
Економија
Социјалците не се запалија на субвенциите за струја
Забраната за адитиви во ци��арите нема да го загрозат тутунарството
За успешни проекти - гратис банкарски пари
ЕИБ делумно ќе ја финансира гасификацијата
Слабиот долар го поскапе златото
„Блум“, нов природен сок
СДСМ






Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency
Asylum rise puts Balkan visa-free scheme in danger