„Блум“, нов природен сок
„Блuм“ е негазиран природен сок и нектар, нов бренд на Прилепска пиварница, кој таа почна да го произведува и да го продава. Понудата на пет нови „Блuм“ вкусови, портокал, праска, јаболко, тропско овошје, шумско овошје е наменета да се задоволи вкусот на секој потрошувач. „Со лансирањето на новиот негазиран природен сок и нектар ’Блuм‘, сакавме да го зголемиме асортиманот на македонски производи, кои ќе се понудат на нашиот пазар“, изјави генералниот директор на Прилепска пиварница, Сашко Самарџиоски. Сите вкусови на „Блuм“ се достапни во два типа пакување: стаклена амбалажа 0,25 литри и картонско пакување од еден литар. (А.С.)
|