Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Економија

ЕИБ делумно ќе ја финансира гасификацијата

ЕИБ ќе финансира дел од проектот за гасификација на Македонија, патниот правец Демир Капија – Смоквица, железничката пруга кон Бугарија, втората и третата фаза од хидросистемот „Злетовица“, во обновливи извори на енергија, а договорено е да се направи и надополнување на кредитната линија од 100 милиони евра наменета за мали и за средни претпријатија, одобрена минатата година за подобрување на ликвидноста претпријатијата поради светската економска криза. Ова вчера го најавија вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, и потпретседателот на ЕИБ, Дарио Сканапиеко, по средбата во Скопје.

„ЕИБ нема горна линија за висината на средствата што би ги одобриле, но ако проектите се добри, ќе ги финансираме“, рече Сканапиеко.

Тој изрази задоволство од финансиската дисциплина на земјата во време на криза, како и капацитетот да размислува на долгорочни цели во време на криза, како и од реализацијата на кредитната линија од 100 милиони евра и рече дека поддршката на мали и на средни претпријатија како стожер на економијата и создавачи на нови работни места ќе продолжи.

Ставрески се заблагодари што ЕИБ во овие две години на Македонија и' даде поддршка со 150 милиони евра во два проекта и додаде дека постои заемна желба за интензивирање на соработката.






#
Статијата е прочитана 329 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Се' потешко се враќаат кредитите
Социјалците не се запалија на субвенциите за струја
Забраната за адитиви во цигарите нема да го загрозат тутунарството
За успешни проекти - гратис банкарски пари
Слабиот долар го поскапе златото
„Блум“, нов природен сок
СДСМ






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy