Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Економија

Забраната за адитиви во цигарите нема да го загрозат тутунарството

Иницијативата на Канада до Светската здравствена организација за забрана на користење адитиви при производството на т.н. бленд-цигари и други тутунски производи, нема да го загрози домашното производство на тутун, ниту ќе се одрази врз откупот на годинашната реколта, нагласуваат експертите. Според нив, тоа дури може да ја зголеми побарувачката на ориентален тутун што кај нас се произведува на речиси 90 отсто од вкупните површини.

За експертите евентуалното усвојување на канадската иницијатива може само да наметне потреба од промена на технологијата за производство, што би значело нови, дополнителни инвестиции.

„Ориенталниот тип тутун не е адитив, туку служи како природен ароматизер на бленд-цигарите. Оттука, производството на тутун во земјава не е загрозено“, изјави вчера Златко Арсов, професор на Катедрата за полјоделство и тутун при Факултетот за земјоделство и храна во Скопје.

Адитивите се користат за подобрување на вкусот и аромата, но некои од нив се додаваат и за трајност на цигарите. Во тутунската индустрија уште се наречени сосови и флејвори. Нивни главен „носач“ е типот „берлеј“, кој најлесно ги врзува.

„Иницијативата на Канада, ако се усвои и стане препорака, би го тангирала тутунот ’берлеј‘ што кај нас воопшто не се произведува. Само се увезува за потребите на фабриките и тоа максимум 1.000 тони годишно“, истакна Арсов.

Македонија произведуваше „берлеј“ во периодот 1990–1995 година, само комерцијално, на мали површини, по што згасна поради немање интерес кај откупните претпријатија. Усвојувањето на канадскиот предлог би значело помала побарувачка на „берлеј“ во светски рамки и негово постепено исчезнување од производството, но и можно зголемување на интересот за ориентален и полуориентален тутун како природни ароматизери на бленд- цигарите, односно како замена за сегашните адитиви за вкус и арома.

Откупот на годинашниот тутун чија берба заврши треба да почне на 15 ноември. Од денеска, пак, треба да стартува исплатата на субвенциите.

„Очекуваме повисока цена од ланската зашто сите репроматеријали годинава поскапеа, а производителите мора некако да ги покријат производните трошоци“, објаснува Шерафедин Амедоски од ФФМ. (МИА)


#
Статијата е прочитана 313 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Се' потешко се враќаат кредитите
Социјалците не се запалија на субвенциите за струја
За успешни проекти - гратис банкарски пари
ЕИБ делумно ќе ја финансира гасификацијата
Слабиот долар го поскапе златото
„Блум“, нов природен сок
СДСМ






Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency
Asylum rise puts Balkan visa-free scheme in danger