Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
На прво место

Битола

Контрола на загубите во водоводот

БИТОЛА - Јавното комунално претпријатие го пушти во функција системот „Скада“, кој во првата фаза ќе обезбеди контрола на загубите на вода во мрежата и поефикасен сервис за граѓаните. Станува збор за инвестиција на „Водовод“ од околу 200.000 евра.

„Преку овој систем и мерните инструменти за вода што се наоѓаат во филтер-станицата „Дихово“, информациите ќе се собираат на едно место. Системот веднаш ќе ги детектира загубите на вода, кои моментално се движат и до 50 отсто. Поточно ќе се знае на кое место во градот има загуба на вода за веднаш да се интервенира“, објаснува Зоран Илиоски, директор на ЈП „Водовод“.

Инаку, жителите на Битола се можеби меѓу ретките во државата што досега не останале жедни за вода, но затоа плаќаат прилично висока цена за потрошен кубик. Од почетокот на оваа година, со објаснување дека ЈП „Водовод“ треба да инвестира во застарениот систем, водата во Битола се покачи за неверојатни 117 проценти. Така, еден кубен метар граѓаните го плаќаа 30,25 денари, а претпријатијата 45 денари.

По континуираните критики од граѓаните дека водата енормно поскапе во година на рецесија, „Водовод“ реши да се коригира. Но, намалувањето го направи само за сметките за домаќинства, и тоа за 20 проценти. Еден кубен метар сега чини 24,25 денари. Претпријатијата и натаму ќе плаќаат висока цена на водата. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 304 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
На прво место
Македонија безмилосно ја троши водата
Скопјани 600 л, парижани 200 л
Стари цевки - многу проблеми
Половина година со редукции
Водата често се заматува
Загадената вода секојдневно убива 6.000 деца
Македонија ќе има пустински зони






Another French general takes over as head of Eulex
EU officials and Brammertz clash over Serbia
Fear of toxic sludge spread after Hungary catastrophe