Загадената вода секојдневно убива 6.000 деца
Бројот на жителите на Земјата забрзано се зголемува, потребите од вода уште побрзо, а нејзиното количество не се менува. До 2025 година две третини од населението ќе почувствуваат сериозен недостиг од вода. Процените на стручњаците велат дека околу 1,1 милијарда луѓе немаат пристап до вода за пиење, а 2,5 милијарди немаат обезбедени елементарни санитарни услови. Шест илјади деца помлади од 5 години секој ден умираат од болести предизвикани од загадена вода, а повеќе од 5 милиони луѓе годишно, што е 10 пати повеќе отколку бројот на загинати во сите војни годишно на светот. |