Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

За маалските и за политичките тегобности

Завчера се одржа промоција на новата книга на Владимир Плавевски - „Цена од Ново маало“

Пред голем број пријатели, вљубеници во пишаниот збор и во уметноста воопшто, завчера во поранешната „Румба кафана“ во познатото скопско Ново маало, се одржа промоцијата на најновата книга на д-р Владимир Плавевски - „Цена од Ново Маало“.

Плавевски на домашната културна јавност и досега и е познат по своите мошне интересни книги раскази, како „Играч на фанта“, „Амкање“, „Ловец на самовили“ и „Поплава“. Па и овде, во „Цена од Ново маало“, тој „страда“ од автобиографска носталгија и не' опсипува со лавина субјективни прикази на галерија ликови спикани во скопскиот кварт наречен Ново маало. Книгата отсликува едно исклучително општествено-политичко невреме – „Информбировска 48. година“ кога тогашната политичка власт запаѓа во политичкиот раскол со премоќниот комунистички СССР на генералисимусот Сталин. Романескните случувања пребоени со љубовен заплет и задоени со политика резултира со губитништво во сите пори на маалското битисување. Главниот водечки лик на романот, неговата баба Цена со својот стамен авторитет успева да владее со маалските и политичките тегобности...

„Цена од Ново маало“ ја издаде Дирекцијата за култура и уметност на Скопје. Ја промовираше Сашко Насев, а извадоци од книгата читаше актерот Кирил Ристоски.


Статијата е прочитана 112 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Откриени две нови дела на Моцарт
Холандскиот филмски фестивал во Охрид завршува в недела
Весна Ацевска наградена со „Браќа Миладиновци“
Концерт на гитаристот Џорџ Бенсон и филмска музика на „Охридско лето“
Филмови од „Астерфест“ и изложба на Јанешлиева на „Скопско лето
„Троил и Кресида“ со помали димензии од очекуваното
„Мај спејс“ - музичка мека за постари „деца“