Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Филмови од „Астерфест“ и изложба на Јанешлиева на „Скопско лето

Во Кинотеката на Македонија вечерва ќе се прикажат документарниот филм „Нагоре“ и кусиот игран филм „Птички“

Наградените филмови од годинашното издание на Филмскиот фестивал „Астерфест“ од Струмица, вечерва во рамките на „Скопско лето“, ќе бидат прикажани во Кинотеката на Македонија во 21 часот. „Астерфест“ веќе петта година продолжува со традицијата на репризно прикажување на наградените филмови во рамките на „Скопско лето“, а вечерва ќе се одржи проекција на документарниот филм „Нагоре“ и на краткиот игран филм „Птички“.

„Нагоре“ е француски филм кој раскажува приказна за ѕидот, за одвојувања кои треба да се зајакнуваат, но раѓаат и други непланирани нешта. Заштитниот ѕид, изграден околу Израел на Западниот брег ги подели палестинските фамилии и заедници. Исто така го изолира и католичкиот старски дом Богородица нажалена, кој се наоѓа надвор од Ерусалим, и ги остава неговите енергични жители да се соочат со староста во болката на еден од светските најгорчливи конфликти. Сценариото, режијата и камерата се на Георги Лазаревски, филмски документарист кој има македонско потекло. Филмот доби Гран При („Златна Потковица“) на „Астерфест 2009“, а наградуван е и на фестивалите во Осло, Лондон, Њујорк, Краков.

Исландскиот филм „Птички“ пак, се случува за време на една светла летна ноќ и ги следи случувањата на група тинејџери на патот од невиноста, кон светот на возрасните. Сценариото и режијата се на Рунар Рунарсон. Филмот доби награда за најдобар краток филм на „Астерфест“, а прогласен е и за најдобар филм и во Мелбурн, Варшава, Санкт Петербург.

На „Скопско лето“ в недела, во Музејот на град Скопје во 20,30 часот, ќе биде отворена изложбата „Филантропски пориви 1 и 2“ на Славица Јанешлиева. Изложбата се поставува по повод 26 јули и претставува документација од реализирани акции - перформанси, фотографии, плакати, исечоци од весници, објекти и текстови. „Шетајќи низ централното градско подрачје на Скопје, го вадам фотоапаратот да документирам некои од омилените локации. Си замислувам град - уметничко дело, колективно креиран комплекс на згради, улици, појави, доживувања и активности кои постојат во времето и просторот со цел да ја прикажат среќата и издигнат достоинството на човекот. Град што нуди нешто повеќе од добра храна, добри пијанки и место за спиење...“, ќе каже авторката Јанешлиева. (Т.И.)


Статијата е прочитана 131 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Откриени две нови дела на Моцарт
Холандскиот филмски фестивал во Охрид завршува в недела
Весна Ацевска наградена со „Браќа Миладиновци“
Концерт на гитаристот Џорџ Бенсон и филмска музика на „Охридско лето“
„Троил и Кресида“ со помали димензии од очекуваното
За маалските и за политичките тегобности
„Мај спејс“ - музичка мека за постари „деца“