Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Весна Ацевска наградена со „Браќа Миладиновци“

Советот на СВП ја награди поетесата за книгата „Столисник“

Катерина Богоева

„Столисник“ на Весна Ацевска е годинешен добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, за најдобра поетска книга објавена меѓу две изданија на фестивалот Струшки вечери на поезијата (СВП). Наградата ја доделува фестивалскиот Совет, а годинава неа меѓу пристигнатите 28 книги објавени на македонски јазик, едногласно ја одбрале членовите на жири - комисијата во состав: академик Катица Ќулафкова - претседател и Џабир Ахмети и Наташа Аврамовска. Директорот на СВП Данило Коцевски на вчерашното презентирање на одлуката, во присуство на поетесата, посочи дека тоа е нејзина шеста книга (ја издаде „Макавеј“ од Скопје), но и дека во конкуренција за наградата имало и книги на автори од различни творечки генерации и со различни поетики.

„’Столисник’ се карактеризира со поетичка доследност, самосвесност и легитимност на стилско-семантичките постапки. Со неа, авторката уште еднаш покажува дека е неодминлив претставник на генерацијата на писателите родени во педесеттите години на 20 век. Нејзината поезија е, од една страна, дискретна, суптилна и гномична во конституирањето на поетскиот поглед на свет , а од друга, го покажува капацитетот на авторката за лирска созвучност, за музикалност, за спој на традиционалните и современите реторички постапки. Поезија која се одликува со извесна ведра мудрост“ - стои во дел од одлуката на Комисијата.

Весна Ацевска (1952) позната и како раскажувач и преведувач, завршила Филолошки факултет во Скопје и работи во Институтот за национална историја. Автор е и на поетските книги „Подготовки за претстава“, „Карпа за скок“, „Котва за Ное“, „Неред во огледалото“, на романите „Лавиринт“, „Рок видри��� и „Скалила за зеленото“, а за преводот на финскиот спев „Калевала“ во 2002 година ја добила наградата за препев „Григор Прличев“.

Данило Коцевски вчера ги презентираше и најновите информации поврзани со подготовките за годинешните Струшки вечери на поезијата, што ќе се одвиваат под мотото „Поезија и музика“, каде ќе има учесници од педесет земји од сите континенти, околу осумдесет странски и шеесетина домашни поети, критичари, преведувачи. Поврзаноста на поезијата и музиката ќе биде презентирана на повеќе локалитети и манифестации. „Годинава правиме чест, еден омаж на третиот брат на Миладиновци, Наум Миладинов, за кој многу малку се знае и кај нас и пошироко. Тој се занимавал со музика и има извонредни остварувања во таа сфера.Годинава ќе поставиме негов портрет во Спомен домот на Миладиновци, во Струга со пригодна свеченост и пригоден говор на одбележување на неговото творештво“.

Годинешниот лауреат на Златниот венец на поезијата, словенечкиот поет Томаж Шаламун ќе пристигне во земјава на 19 август и ќе остане до крај на фестивалот, при што ќе гостува во неколкуте планирани града, но и во Лазарополе на поетски читања, што ќе завршат во Сули-ан и на Матка во Скопје. Во негова чест, во Струга ќе биде отворена и изложба на керамички дела од македонски и словенечки автори. Меѓу неколкуте фестивалски новини, Коцевски ја издвои и најавената промоција на книга антологија на норвешка поезија „Гласови од север“ во наколната населба во Градиште во Охрид, издавањето на 20 книги на Струшките вечери на поезијата,од кои 10 се преводи на англиски јазик (поради евидентираниот недостиг на македонска преведена поезија во странство) и др.


Статијата е прочитана 139 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Откриени две нови дела на Моцарт
Холандскиот филмски фестивал во Охрид завршува в недела
Концерт на гитаристот Џорџ Бенсон и филмска музика на „Охридско лето“
Филмови од „Астерфест“ и изложба на Јанешлиева на „Скопско лето
„Троил и Кресида“ со помали димензии од очекуваното
За маалските и за политичките тегобности
„Мај спејс“ - музичка мека за постари „деца“