„Мај спејс“ - музичка мека за постари „деца“
Реномираниот трубач Мајлс Дејвис има страница на „Мај спејс“. Тука има 168 негови албуми и синглови, вклучувајќи го и поранешниот тежок за наоѓање албум „Circle in the Round“
„Мај спејс“ сега можеби е најдобро место да се најде бесплатна музика на Интернет
На Тила Текила, ентузијаст од реално шоу и одвреме-навреме пејачка, може да и се препишат многу заслуги за уништување на репутацијата на „Мај спејс“. Нејзината популарна членска страница: myspace.com/tilatequila, на најпосетуваната мрежа за дружење во САД е толку преполна со фотографии и видео записи со скудно облечената емигрантка од Сингапур што би можел да заглави нечиј пребарувач. Секако дека многумина од повеќето од 100-те милиони профили на членови на „Мај спејс“ се малолетници и незрели личности. Меѓутоа, постои темна страна на мрежното поврзување за дружење: тоа стана извонредно место за луѓе кои беа привлечени од слаткиот стајлинг на „Флитвуд Мек“, 14 години пред да се роди Тила Текила. Всушност, „Мај спејс“ сега можеби е најдоброто место за возрасните да најдат бесплатна музика на интернет.
Реномираниот трубач Мајлс Дејвис има страница на „Мај спејс“. Тука има 168 негови албуми и синглови кои се префрлени на неговата страница на „Мај спејс“, вклучувајќи го и поранешниот тежок за наоѓање албум „Circle in the Round“. На само неколку кликнувања со глувчето се наоѓаат и 68 албуми на Били Холидеј.
Хиперактивните профил страници на „Мај спејс“ го занишаа Интернетот кога во 2003 година беше отворен овој сајт. Но, оттогаш поновите сајтови за дружење како „Фејсбук“ и „Твитер“ му го одзедоа приматот на „Мај спејс“, особено кај постарите лица помалку наклонети кон себе-промовирање. Тоа се луѓе ко�� сакаат повторно да воспостават контакт со пријателите од училиште без притоа да испратат автопортрет од „Мај спејс“ од кој ќе се види нивната привлечност. „Изгледа дека моите години не се за на ’Мај спејс‘“, вели поранешна корисничка на овој сајт, која сега е во доцни триесети години, од едно кафуле во помодарскиот Мишон дистрикт во Сан Франциско.
За да привлече постари корисници „Мај спејс“ наоѓа постари музичари. Првото префрлање на видео записот на У2, „Get on your boots“, во февруари - пејачот Боно сега има 49 години - веднаш отиде на „Мај спејс“ со постигнување на ексклузивен договор.
Нил Јанг, кој во ноември наполни 63 години, ги објави своите радикални, ретко изнајмувани музички видео записи на myspace.com/neilyoung.
Лајонел Ричи, уште еден многу застапен музичар на „Мај спејс“, го користи сајтот за да го промовира својот најнов сингл „Just go“ кој излезе во мај. „Ако не бев страстен корисник на ’Мај спејс‘, ќе останев без теми за разговор со моите деца тинејџери“, открива Ричи. Бидејќи е без ограничување на содржината на сајтот, Лајонел Ричи поддржан од „Мај спејс“ продуцираше бесплатно шоу во живо од театарот „Ел Реј“ во Лос Анџелес на крајот од минатиот месец. Настанот беше еден од серијата што компанијата ги нарече „Тајни шоуа на ’Мај спејс‘“. Единствениот начин на кој можете да го видите секое „тајно шоу“ е да станете член на „Мај спејс“ и да кликнете на иконата каде ќе отпечатите билет кој можете да го подигнете на пладне на денот на шоуто. Ричи, кој на 20 јуни ќе наполни 60 години, изгледа дека се' уште сака да освојува публика, и да има уште некој хит на топ листите. Но, што е со рок ѕвездите кои засекогаш ги закачија гитарите на ѕид?
„Мај спејс“ направи договори со музички компании за креирање страници за албуми и позрели музичари, како „Кјур“, рокерите од „Гот“ кои повеќе не прават концерти или одат на големи турнеи. „Кјур“ изведе „тајно шоу“ во декември. Тогаш, наместо да работи на материјал за нов албум, бендот на „Мај спејс“ објави снимки во живо од нивните хитови.
Со исклучок на неговиот обемен каталог – обидете се да ја најдете „Dr. Feelgood“ во огромната библиотека на „Пандора“ – „Мај спејс“ има едноставна, единствена, заводлива предност над своите ривали како „Имем“ и „Епл ајтјун стор“: посетителите можат бесплатно да ја слушаат секоја музика на „Мај спејс“ - веднаш, целата песна, без да бидат принудени да се зачленат. Секој ќе може да се воодушевува на изведбата на Дејвис од било кој компјутер, без притоа да биде приморан да памети уште една лозинка.
Минаа 10 години откако „Напстер“ и музичката индустрија научија да работат со интернет. Луѓето може да минат многу часови во пребарување на архивите на „Имем“, каде корисниците макотрпно префрлаат песни и видеозаписи за кои сметаат дека никогаш повеќе нема да ги видат: играњето на Иги Поп на „The old grey whistle test“ или на прекрасно бизарниот изглед на Дејвид Боуви на „Saturday night live“ во 1979 година.
Има уште многу други сајтови кои вреди да се посетат. „Пандора“ можеби е најспомнуваниот. Ако се напише името на бендот или песната, „Пандора“ ќе направи листа, користејќи математички модели со кои ќе претпостави што ќе сака следно да слушне корисникот. „Blip.fm“ во моментов е најинтересен сајт кај младите, кои креираат сопствени диџеј листи и разменуваат пораки („блипс“). „Мај спејс“ не бара од корисниците да се зачленат или да се пријават, но членовите добиваат специјални привилегии. Прво, може да си креираат листа по сопствен вкус во која има комбинација од супер-ѕвезди и гаражни бендови од повеќето од пет милиони уметници на сајтот на една виртуелна микс снимка. Второ, членовите се во можност да го прелистуваат „Мај спејс“ на нов „полесен“ метод. Неодамна претставената опција ги заменува страниците кои изгледаат зафатено со ХТМЛ кодирање кое изгледа како „Фејсбук“.
Бесплатна музика. Без зачленување. Се поставува прашањето кој заработува од тоа, и од кого? Извршните директори на „Мај спејс“ се скромни. Портпаролката на компанијата вели: „Нашиот модел на обезбедување приходи вклучува реклами, симнување на податоци, тонови на ѕвонење, билети, а наскоро ќе додадеме и производи како маички, чаши за кафе и ДВД-ја“. Рекламирањето, како што открива компанијата, засега е најголемиот извор на приходи.
За да заработи пари од топлите, нејасни чувства на слушателите, „Мај спејс“ ги насочува посетителите на „Amazon.com“. Таму тие може да го купат новиот албум на Лајонел Ричи како компакт диск за 9,99 долари или пак да го симнат синглот „Just go“ за само 79 центи. Фајловите користат МП3 формат, што значи дека немаат заштита од копирање и ќе може да се пуштат на речиси секој компјутер, „ајпод“, МП3 плеер, „смартфон“ или друга опрема. „Амазон“ ги дели своите приходи со „Мај спејс“ и музичките компании, кои веројатно им плаќаат на музичарите.
Без разлика дали „Мај спејс“ бизнисот напредува, „Мај спејс“ веб-сајтот солидно работи како класична машина за хитови. Тој може да ја истера вознемиреноста од работни денови со архивата на Џејмс Тејлор на мек рок, каталогот од 50 албуми на Били Џоел и сите 26 музички записи од „Live in London“ на Леонард Коен. Со нудењето на толку интересни производи за оние над четириесетата, компанијата се соочува само со еден ризик: откако нивните родители ќе ја меморираат страницата на Мајлс Дејвис, дали „Мај спејс“ се' уште ќе биде интересен за нивните деца?
(Интернешенел хералд трибјун) |