Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

ИКЕА се' поблиску до Србија

Белград - Шведската компанија ИКЕА е заинтересирана да продолжи со инвестирање на српскиот пазар, со отворање трговски центар. Почетокот на изградбата ќе зависи од преговорите за купување на земјиштето и брзината на завршувањето на правно-административните процедури поврзани за добивање дозвола. Ова го соопшти менаџерката за односи со јавноста на застапништвото на компанијата во Србија, Милена Вујичевиќ.

Таа во интервју за „Танјуг“ наведе дека инвестицијата во трговскиот центар ќе изнесува меѓу 250 и 300 милиони евра, што ќе овозможи да се отворат и 2.000 нови работни места во Србија.

Според неа, ИКЕА не бара никаков ексклузивитет, ниту, пак, посебни услови кога е во прашање купувањето на земјиште за изградба на трговскиот центар, туку е потребно да се исполнат предвидените стандарди и норми што одговараат на домашните пазари движења.

Познатата шведска компанија веќе е присутна на пазарите на Србија, низ долгорочна соработка со домашните производители на мебел и директни вложувања во нивните производни капацитети.

„ИКЕА е многу активна во неодамна установената Нордиска работна алијанса и ние се трудиме низ соработка со другите нордиски компании, како и со домашните производители и државни институции да поттикнеме иновативните решенија и со самото тоа ги надминуваме постојните предизвици“, истакна Вујичевиќ.

Таа посочува дека ИКЕА има јасно дефинирани технички стандарди и стандарден квалитет што е во рамките со меѓународните прописи. Нив секој доставувач мора да ги исполни за да може да произведува и да има пласман на производи во трговските центри на ИКЕА. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1205 пати.

Испрати коментар

Од: bg
Датум: 21.09.2010 12:59:45
ИКЕА е близу до Србија, бидејќи се градат веќе 3 продавници во Бугарија
Од: Jован Спиркоски - ТЕ СФ
Датум: 21.09.2010 14:40:44
Додека се ближи до Србиjа, градежништвото на обjекти на ИКЕА во Бугариjа се во тек повеќе месеци.

Најди! во Утрински
Економија
Си легнаа на брашното - бугарските коли ќе се пререгистрираат
Поголеми гаранции за штедачите, лихварите под контрола
Проектот „Инвестиции сега“ е добар за целата економија, тврди СДСМ
Австрија бара отштета од ексшефовите на „Хипо“
Врие околу изборот за претседател на ССМ
УЈП ќе собира радиодифузна такса
Протест на социјалците во Штип и во Пробиштип



"""