Проектот „Инвестиции сега“ е добар за целата економија, тврди СДСМ
„Владата го отфрли проектот „Инвестиции сега“ што го промовираше СДСМ пред неколку дена и се обидува да го пренасочи вниманието на медиумите и на граѓаните, затоа што сака да ги скрие предностите на проектот“, изјави вчера потпретседателот на партијата, Зоран Јовановски.
Појаснувајќи го проектот рече оти е добар за секој бизнисмен што сака да инвестира затоа што се намалува трошокот за реализација на бизнис-идеите, се подобрува конкурентноста на производите и услугите на фирмите и продуктивно се користат површините на постојните економски зони, кои, како што посочи, сега стојат неискористени.
„Овозможува побрзо и полесно да излеземе од сегашната катастрофална состојба, бидејќи македонската економија ќе се раздвижи веднаш. Клучниот збор е веднаш. Износот на новоодобрени инвестициски кредити би се зголемил од 60 милиони евра во 2010 година, а на 180 милиони евра во 2011 година. Притоа, бизнисмените што ќе се вклучат во проектот мора да започнат со изградба во рок од три месеци и да го стартуваат новиот деловен објект за 12 месеци“, рече Јовановски.
„Добар е за сите граѓани оти овозможува поголема транспарентност и продуктивност во трошењето на народните пари од буџетот“, рече Јовановски и побара од Владата да објасни зошто не го смета за добар проект. (МИА)
Владата прави катастрофална грешка што него прифаќа уникатниот предлог,,стан за секого,,.Секој граѓанин би бил инвеститор, земање стамбени кредити,државата ја плаќа каматата,а парите се инвестираат во градежништвото.Ем станчиња 2-3 за секоја фамилија, ем радежниците работа преку глава,ем ќе нема киријаши,сите со сопствен покрив над главата.Единствен проблем се парите за каматите,откаде ќе ги најде владата,што не интересира тоа е нејзина работа.
Од: Феличита
Датум: 21.09.2010 13:49:31
Ќе се намали бројот на спомениците за 20%,Среќко!
Од: јас
Датум: 21.09.2010 14:52:51
Среќко , а да се прашаше од каде најде твојот омилен овчар пари за станови за социјалните и за младите брачни двојки ( некои дури невенчани , како неговите двајца министри ) ??? Тие исти станови ги зедоа оние на кои најмалку им треба , погледни ги само паркинг просторите пред тие згради..Па тој возен парк тешко да го поседува и посолиден граѓанин , а не тие кутри „социјални “ случаи..
Од: Dragan
Датум: 22.09.2010 09:39:54
Vo presot go nema zborot stan i stanben kredit. Temata e sosema druga. Zatoa komentarot na Feliks e smisleno defokusiranje. Providen glasnik na vlasta. Razocaruvacki, Feliks.