Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Поголеми гаранции за штедачите, лихварите под контрола

Штедните влогови на граѓаните до 30.000 евра во една банка ќе бидат целосно обезбедени

Соња Маџовска


Целосно ќе бидат обезбедени штедните влогови на граѓаните до 30.000 евра во една банка, место како досега, 100 отсто да бидат обезбедени депозитите до 10.000 евра, а 90 проценти до 20.000 евра. Ова го најави вчера министерот за финансии, Зоран Ставрески, како измена на Законот за Фондот за осигурување на штедните влогови, а се дел од пакетот измени на повеќе закони од финансискиот сектор.

Според Ставрески, сега бил вистинскиот момент граѓаните да ги извадат парите од под перница, а не пред две години кога почна кризата и кога се бараше оваа мерка да биде воведена како дел од антикризните пакети, а по примерот на повеќе европски земји. Во тој период, всушност, имаше повлекување на штедните влогови од домашните банки, за разлика од годинава, кога тоа е во постојан раст.

Ставрески смета дека со овие измени ќе се зголеми штедењето, со што банките ќе имаат повеќе пари за кредитирање. „Очекуваме дека една ваква мерка ќе поттикне многу македонски граѓани да го заменат штедењето под перница со штедење в банка. Причина за овие измени е побрзото закрепнување на депозитниот потенцијал, што ќе овозможи и поголемо кредитирање и зголемена доверба во банкарскиот систем. Оваа мерка нема да ги зголеми трошоците на банките, кои тие како процент го издвојуваат во Фондот за осигурување на депозити, туку само подолго време ќе треба да се собере потребниот фонд за обесштетување. По влегувањето на Македонија во ЕУ, ќе има целосна покриеност на депозитите до 100.000 евра во една банка, а до тој износ ќе бидат обезбедени и депозитите на малите фирми“, изјави Ставрески.

Но, додека од една страна Министерството го поттикнува штедењето во банките со зголемување на гаранцијата за депозитите до 30.000 евра, од друга страна, веќе предлага нов закон за финансиските друштва, со кој на банките им се воведува конкуренција.

Поточно, една од новините што вчера ја најави Ставрески е носењето нов закон, со кој фактички ќе се легализира лихварството. Овој закон ќе му овозможи на секој што има 100.000 евра да отвори финансиско друштво и да се занимава со кредитирање, издавање гаранции, факторинг и издавање кредитни картички. Дозволите за основање на овие друштва ќе ги дели Министерството за финансии, кое ќе врши и контрола врз нивното работење, со тоа што само два пати во годината ќе имаат обврска да даваат извештаи за своето работење. Ова ќе значи дека оние што сега даваат лихва на црно со високи камати, ќе можат да отворат фирма, и тоа да го прават законски, со камата до 13 отсто, како што сега пропишува Законот за облигациони односи.

„Овој закон ќе стави контрола врз лихварските фирми. Тие ќе бидат обврзани да работат законски. Овие финансиски друштва ќе мора каматата да ја одредуваат според затезната камата пропишана во Законот за облигации, и максималната каматна стапка што е поврзана со неа“, истакна Ставрески.

Министерството за финансии најави измени и во Законот за Народна банка на Македонија, како и во законите за ревизија и за државна ревизија.

Во измените во Законот за централната банка нема некои позначајни поместувања во сегашното функционирање на НБМ како независна институција, а единствено целосно се елиминира можноста член на Советот на НБМ да биде и вработен во орган на државната управа, независно дали станува збор за министерства, Собрание, или за која било јавна установа. Гувернерот ќе се избира како и досега, по предлог на претседателот на државата, а ќе го избира Собранието на Македонија. Мандатот останува седум години. Тоа важи и за вицегувернерите. Супервизијата останува во рамките на централната банка.


#
Статијата е прочитана 1089 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 21.09.2010 12:20:55
Uste parite od pod pernica ostanaa nepotroseni. Se drugo bankite "investiraa" vo obvrznici t.e vo drzavata. Potrebni se novi izvori, pa i ova sto ostanalo pod pernica ke im bide dobrodojdeno.
Од: реален македонец
Датум: 21.09.2010 17:12:55
Господине Груев��ки не е само да ги внесам парите во банка и да ми стојат таму, наредете да се зголеми каматата од депозитите па да видите колку голема актива ке имаат банките, ке се слее голем капитал за обрт во комецијалните банки, ке има и за кредитирање на населенеието и фирмите па и за купување на благајнички записи.

Најди! во Утрински
Економија
Си легнаа на брашното - бугарските коли ќе се пререгистрираат
ИКЕА се' поблиску до Србија
Проектот „Инвестиции сега“ е добар за целата економија, тврди СДСМ
Австрија бара отштета од ексшефовите на „Хипо“
Врие околу изборот за претседател на ССМ
УЈП ќе собира радиодифузна такса
Протест на социјалците во Штип и во Пробиштип



"""