Место Македонската радио-телевизија, од наредната година радиодифузната такса ќе ја наплатува Управата за јавни приходи, предвидува Владата со новиот закон што го усвои на последната седница. Со него секој граѓанин и правно лице таксата ќе мора да ја платат до 15 октомври. За секое задоцнување УЈП ќе пресметува дневна камата од 0,05 отсто. Ако долгот не се плати, Управата сметките ќе ги наплатува присилно.
Со ова Министерството за транспорт и врски, како предлагач на законот, бара начин наплатата на радиодифузната такса, која сега е катастрофална, како задолжителната обвр��ка да ја стави во построги рамки.
За завршената работа УЈП ќе си задржи три отсто од вкупно наплатените средства. Од другите пари на граѓаните, 72 отсто ќе одат за покривање на трошоци за МРТ, 16 отсто, односно 3,5 за одржување и развој на радиодифузната мрежа и четири отсто за функционирањето на Советот за радиодифузија. (Ек.Р.)
Браво! Најдоа начин како да собираат пари. Многу поефикасно би било со пиштол во рака, па од човек на човек да се собираат средства за да има власта да арчи и да се фали што направила!
Од: Паце
Датум: 21.09.2010 15:27:46
На ваков начин ќе се компромитира целата даночна политика во Македонија, заедно со државната институција - Управа за јавни приходи.
Од: paskoski
Датум: 21.09.2010 16:35:41
Браво ВЛАДА,браво Груевски,Браво за економската и социјална преродба,да владеете уште 100 години,да не дозволувате БРАНКО да се врати,собирајте даноци,казнувајте ,немојте да дозволите ДЕМОКРАТИЈА,овој народ треба да се потиснува и заплашува и само така можи да се владее со него.
Од: kole
Датум: 21.09.2010 16:45:55
Ја поддржувам наплатата на радиодифузната такса. И сумата е во ред.
Она што ми пречи е што ПОВТОРНО и ПО НЕ ЗНАМ КОЈ ПАТ неплаќачите во Македонија ќе поминат подобро.
Оние што ги поддржуваат/почитуваат законите , полошо поминуваат.
Значи, ако успеат од идната година (со расчистени/опростени сметки за претходните) да ја наплатат таксата од СИТЕ , тогаш ја имаат мојата поддршка.
Од: Трпе
Датум: 21.09.2010 16:56:27
Најдобро решение е кај нас,сите давачки да ги собира полицијата.И така Македонија е полициска држава.Преплаши го народот,да нема сила да ти се спротиставува.
Од: televizorzija
Датум: 21.09.2010 18:28:50
ujp da naplajca za televizor koga vocam na televizoro vraboteniot vo ujp vo prilep ne platil davacki od dveste iljadi evra danok na prihod i okce ne mu trepnue a jac da si platam po 130 denari ujp raboti samo revnosno so siromastijata a ne i so protokalite
Од: Stojko
Датум: 21.09.2010 21:46:33
Od sekoj gradjanin ili sekoe semejstvo?? Ovie ne se normalni veke. Totalno pobudalea.