|
|
|
|
|
|
Пешачка зона пред Собрание?
Советникот Ѓуревски побара летово да се затвори улицата пред Собранието од 22 ч. до 1 часот по полноќ
Улицата пред републичкото Собрание од раскрсницата кај Градска болница до „Палома бјанка“ летно време да биде пешачка зона и целосно да се затвори за сообраќај во ноќните часови, од 21 или 22 часот до 1 часот по полноќ. Оваа идеја вчера на градоначалникот Коце Трајановски му ја предложи советникот Тони Ѓуревски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дека �� лето на Скопје му е потребна пешачка зона во центарот, по примерот на неколку европски градови. Згора на се' и затоа што сега централното градско подрачје доби низа атракции, а граѓаните сакаат да стасаат до нив и да се сликаат без притоа да се на удар на сообраќајниот метеж.
„Сметам дека иницијативата е издржана, со оглед на тоа дека нема потреба од инвестирање, а постои и веќе проверен сообраќаен режим што би се вовел во случај улицата да се затвори. Улицата ‘Даме Груев‘ и сообраќајната опција преку мостот ‘Гоце Делчев‘ се доволни сообраќајот во тој дел да циркулира без никаков проблем“, посочи вчера Ѓуревски на седницата на Советот на Град Скопје наменета за советнички прашања и предлози до градоначалникот и до службите.
Трајановски не го искажа своето мислење за ова прашање, туку одговорот му го препушти на раководителот за сообраќај.
„Во тој дел, согласно со ДУП, е предвидено булеварско решение, а не пешачка зона, која точно е исцртана во секој урбанистички план. Конкретно за овој реон не е предвидено такво нешто. Според мене, недозволиво е да ја затвориме улицата, бидејќи таа е една од главните сообраќајници во центарот“, рече Зоран Дамјановски од Градскиот сектор за сообраќај. (Дс.Т.) |
#
|
Статијата е прочитана 1342 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Itar Pejo |
Датум: 24.06.2011 00:12:51 |
|
Koce videl nesto vo Evropa, ama pak ne razbral. Od 21 do 1 casot noce ce navali narod (i stranski turisti so dvokatni avtobusi) da se slika so spomenicite pa treba da se oslobodi prostor. |
|
|
|
|
|
|
Од: Предлог |
Датум: 24.06.2011 09:50:56 |
|
Да се изгради подземна улица од Порта Македонија до Палома Бјанка и улицата трајно да стане шеталиште и да се спои со улицата Македонија. |
|
|
|
|
|
|
Од: Толе |
Датум: 24.06.2011 10:40:19 |
|
Коце ми е, искрено, ептен статист во целава оваа игра. Башка скопјани, за жал, за „градски татко“ имаат нескопјанец - и по потекло и по ориентација. Ама идејава е, рака на срце, ОК.
Во Битола ваквата пракса барем десетина години наназад функционира одлично - центарот е растоварен од сообраќај и гужви, пешаците се комотни, Широк сокак речиси блеска со сета своја живост... |
|
|
|
|
|
|
Од: До |
Датум: 24.06.2011 17:44:39 |
|
Ова го има само во Грција , со вакви преглози ќе ја стигнеме |
|
|
|
|
|
|
|
|