Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Скопје

И панорамските двокатни ќе дојдат од Kинa

Планирано е 15 отворени даблдекери на „Јутонг“ да стасаат в година пo летните одмори

Деспина Трајковска

И новите 15 отворени двокатни автобуси што планира да ги купи Владата за туристичко разгледување на Скопје ќе бидат со кинеско потекло, од истата фирма со која е склучен договорот за „обичните“ даблдекери. Во Министерството за транспорт и врски одлучиле да ја прифатат понудата на кинески „Јутонг“, која беше единствена на јавниот повик за набавка на кабрио двокатни автобуси, кој заврши непосредно пред изборите.

„Комисијата за спроведување на јавната набавка изврши евалуација на понудата доставена од страна на компанијата ‘Јутонг‘, при што беше констатирано дека таа ги исполнува критериумите предвидени со тендерската документација, по што е донесена одлука за избор на најповолен понудувач. Моментално во тек е рокот за жалба“, информираа вчера од Министерството.

Жалбениот рок и завршувањето на целата постапка до официјализирање на зделката се очекува да заврши најдоцна до крајот на летото. Веќе в година ова време автобусите би требало да стасаат во Скопје и да почнат да се користат за туристичко разгледување на градот. Тоа беше и главната причина Владата да одлучи да купи 15 отворени автобуси по иницијатива на ЈСП. И овие автобуси ќе бидат од „Јутонг“, за Транспорт и врски проверена компанија со која е договорена зделката од речиси 40 милиони евра за набавка на 202 двокатни „обични“ автобуса.

За отворените 15 автобуси Владата ќе треба да плати околу 2,5 милиони евра, сума што ја побараа од „Јутонг“ на неодамна завршениот јавен повик. Поточно, еден панорамски автобус ќе не' чини приближно 150.000 евра без пресметан ДДВ. По техничките карактеристики тие во основа ќе бидат речиси идентични со примерокот на даблдекерот, кој веќе неколку месеци вози низ Скопје. И овие ќе бидат со ретродизајн.

Главното обележје и разликата на типските туристички возила од обичните ќе биде горниот кат, кој ќе има отворен покрив. Ќе ги исполнува условите за туристичка погодност на патниците, како што се чадори за сонце, пепелници, слушалки, микрофони, 24-часовен видеонадзор... Како што објаснија од „ИЕВ ДОО Скопје“, кои ја застапуваат „Јутонг“ во Македонија, речиси и да нема разлика во овие автобуси со сончев покрив и „обичните“ двокатни возила, перформансите на возилото се исти при што отворените имаат дополнителна опрема. Токму тоа е причина за разликата во цената на „обичните“ и на панорамските автобуси. Гледано генерално, таа и е незначителна, односно двата отворени даблдекера што се дел од зделката за 202 двокатни автобуса, во споредба со овие 15, се поевтини за нецели 20.000 евра.


#
Статијата е прочитана 1060 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Пешачка зона пред Собрание?
Жичарницата ќе вози до 21 часот
Прв реге-фестивал
Цвеќе за претседателот Трајковски
Привремен режим на „Св. Климент Охридски“
Почнува „Три круши“

"""