Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Скопје
Жичарницата ќе вози до 21 часот

Жичарницата на Водно од денеска, па секој нареден викенд ќе вози до 21 часот. Продолжувањето на работното време, како што објаснуваат од ЈСП, е по барање на посетителите на оваа најнова атракција во Скопје, чиј број секојдневно расте.

„Од утре, па секој нареден викенд, вклучувајќи го и петок, жичарницата ќе вози два часа подолго од досега. Продолженото работно време ќе трае се' додека има интерес кај граѓаните, најверојатно, цело лето“, информираше вчера Мишо Николов, директор на ЈСП.

Тој најави дека за дваесетина дена на објектот ќе има систем што ќе го регистрира бројот на сите превезени патници, а не само посетителите што платиле карта, со оглед на одлуката за повластени корисници. Имено, според последниот извештај, за 16 работни дена за жичарницата биле продадени 26.800 билети, а само завчера 1.380. Сепак, според надлежните бројот на оние што се возеле на жичарницата е речиси двојно поголем, имајќи предвид дека без карта се возат пензионерите и најмладите. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 592 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Пешачка зона пред Собрание?
И панорамските двокатни ќе дојдат од Kинa
Прв реге-фестивал
Цвеќе за претседателот Трајковски
Привремен режим на „Св. Климент Охридски“
Почнува „Три круши“

"""