Привремен режим на „Св. Климент Охридски“
Поради санирање дефект на приклучна цевка, в недела во периодот од 7,30 до 15 часот ќе има привремен сообраќаен режим на булеварот „Свети Климент Охридски“. Градежните активности ќе се одвиваат на коловозот во насока на булеварот „Партизански одреди“ кон улицата „Водњанска“, пред раскрсницата со улицата „Метрополит Теодосиј Гологанов“. Градот Скопје најавува дека санацијата на дефектот ќе се изведува во неколку фази, при што нема да дојде до целосен прекин на сообраќајот. Градежните рабо��ите ќе ги изведуваат екипи на ЈП „Водовод и канализација“. (Б.Ш.) |