|
|
Почнува „Три круши“
Општина Кисела Вода традиционално и годинава по петти пат ќе ја одржи манифестацијата „Три круши“ во рамките на „Културното лето“, а отворањето е вечерва во 20,30 часот. Сите настани ќе се одржуваат во амфитеатарот на верско-рекреативниот центар „Три круши“, во селото Драчево, а забави ќе има се' до 13 август. Секој викенд жителите на Општина Кисела Вода и пошироко ќе можат да уживаат во различни манифестации. На сцената ќе продефилираат ансамбли и културно-уметнички друштва од земјава и од странство, естрадни уметници, театри, камерни хорови, а веќе четврта година ќе се одржи и детскиот фестивал. Годинашното мото на фестивалот е „Пееме за светот“.
Втора година едноподруго ќе се одржи и Етно-фестивалот на кој ќе се претстават реномирани македонски пејачи. (Сн.К.) |
#
|
Статијата е прочитана 649 пати.
|
|
|
|
|
|
|