|
|
Цвеќе за претседателот Трајковски
„Спомени за Борис Трајковски“ е насловена манифестацијата со која општината Бутел утре ќе го одбележи 55. роденден на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски. Во 10 часот на Градските
гробишта на гробот на претседателот општинска делегација ќе положи свежо цвеќе, а потоа ќе бидат пуштени да летаат 55 гулаби. Еден час подоцна, во големата сала на новата административна зграда на Бутел ќе се одржи пригодна свеченост на која ќе бидат премиерно прочитани поетските творби на учениците од основните учи��ишта во општината. (Сн.К.) |
#
|
Статијата е прочитана 431 пати.
|
|
|
|
|
|
|