Прв реге-фестивал
На новата градска плажа „Камен мост“ од денеска до недела ќе се одржува првиот македонски реге-фестивал, наречен „Биг ап Скопје“. Тридневното музичко соединување ќе понуди дваесеттина реномирани светски и домашни реге-диџеи и бендови. Покрај познатата британска ѕвезда Џенерал Ливи, на фестивалот ќе настапат пејачот Ефраим Јуда и диџејката Мики Рагуа од Германија, Словенецот Кантримен, Србинот Рим Ранер, но и македонско-српската колаборација „Мафија саунд систем“. Влезот за посетителите ќе биде бесплатен. (Б.Ш.)
|