Лидер за посветеност кон општеството
Комерцијална банка ја доби првата награда за интегриран пристап кон општествената одговорност за големо претпријатие во 2009 година, во номинацијата што ја организираше Центарот за институционален развој.
Наградата за лидер на општествена одговорност во категоријата севкупна посветеност кон општествена одговорност на Комерцијална банка е потврда за напорите што банката ги вложува континуирано за подобрувањето на корпоративното управување, обука на вработените, развивање на чувството за солидарност и филантропија во соработка со заедницата и социјално ранливите групи во општеството. „Комерцијална банка оваа година прославува 65 години од своето постоење и сите години остана доследна на своите вредности, традиција, доверба, ефикасност, транспарентност, иновативност, тимска работа, и со особена посветеност на општествената одговорност што ги отсликува нашата деловна култура и приоритетите утврдени со корпоративната мисија“, е наведено во соопштението на Комерцијална банка. (Ек.Р.) |