„Бовин“ освои златен медал во Лондон
Златен и бронзен медал добија две вина на „Бовин“ на меѓународните натпревари International Wine ChalLenge 2010, што се одржа во Лондон.
Наградата златен медал ја доби виното „александар 2008“, бронзен медал виното „вранец 2008“, а пофалница беше доделена за „Император 2008“.
Ова е најголем досегашен успех што вината на „Бовин“ го постигнале на некој меѓународен натпревар. Инаку, на натпреварот во Лондон се оценуваа над 10.000 примероци од различни вина, а златен медал добија 326 вина. (МИА) |