Бугарските милионери најбрзо се збогатиле
Бугарските милионери најбрзо и најмногу се збогатиле во споредба со останатите земји од Европската унија. Според софискиот дневник „Монитор“, податоците на Евростат покажале дека Бугарија е апсолутен рекордер по раслојување на општеството во ЕУ. Во текот на 2005 година разликата меѓу најбогатите и најсиромашните била 3,5 пати, а во 2008 година се зголемила на 6,5 пати. Европската статистичка служба не објавува како и со кои бизниси некои Бугари станале милионери за четири-пет години. Според податоците на Бугарската народна банка, само од јануари до март годинава биле регистрирани 35 нови богаташи, чии депозити во банките надминале половина милион евра.
И покрај кризата, депозитите на сметките на Бугарите во првите три месеци од годинава се зголемиле за над 200 милиони лева (околу 100 милиони евра). Во исто време, продуктивноста на трудот во Бугарија е намалена и таа се наоѓа на последно место во ЕУ. (Ек.Р.)
|