Број 3295  вторник, 01 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Во јуни нов Економско- социјален совет

Министерството за труд и социјална политика и претставниците на синдикатите во Македонија вчера се договорија за 10 дена да заврши постапката за доставување барања за решенија за репрезентативност, а најдоцна до 25 јуни годинава да биде формиран Економско-социјалниот совет.

„Во изминатите години имаше застој во функционирањето на Советот поради што лани пристапивме кон надополнување на Законот за работни односи. Согласно со измените, до вчера требаше да се формира Советот, но поради технички причини тоа се' уште не е сторено. Се договоривме за 10 дена да заврши постапката околу репрезентативност од синдикатите“, изјави министерот за труд, Џељаљ Бајрами, по средбата со синдикатите во Министерството.

Тој додаде дека посебна комисија треба да ја утврди репрезентативноста и најдоцна до 25 јуни годинава и пред конференцијата за Економско-социјалните совети во регионот, што е закажана за 30 јуни и 1 јули во Охрид да биде конституиран новиот ЕСС.

Претседателот на ССМ, Живко Митровски, го оцени утврдувањето и легитимирањето на синдикатите како клучна активност за синдикалното движење и истакна дека над 80 отсто од синдикатите здружени во ССМ се веќе спремни за реализација на предвидените задолженија. (М.Т)

 


#
Статијата е прочитана 414 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Кина ги јаде нашите текстилни фабрики
Ако нема евтин лет од „Александар“, има преку Софија
Скапиот зеленчук ги изгоре граѓаните
„Бовин“ освои златен медал во Лондон
Кој не дава да поевтини зелениот картон?
Лидер за посветеност кон општеството
Германците сакаат да им се врати марката
Европските даночници околу даночниот рај
Следното лето изградбата на автопатиштата
Бугарските милионери најбрзо се збогатиле