Флеш
Доживотен затвор за манијакот
Лидерот на полигамистите, Ворен Џефс, кој води отцепена мормонска секта, е осуден на доживотна казна затвор за сексуален напад врз две малолетни девојчиња што ги барал како „духовни“ невести. Поротата од Тексас, составена од десет жени и двајца мажи, размислуваше помалку од еден час пред да му изрече казна затвор од 99 години, односно доживотна казна затвор за едно обвинение и 20 години затвор за второто - максимум за двете.
Напад
Американски беспилотен авион уби 21 лице во Пакистан
Американски беспилотен авион вчера уби најмалку 21 осомничен милитант во пакистанскиот регион Северен Вазиристан, јавија официјални лица само неколку дена откако Пакистан повика на „јасни услови на ангажирање“ во американско-пакистанските односи. Меѓу целите на нападот, врз куќа на три километри источно од главниот град Мираншах, беа членови на мрежата Хакани, одговорна за се' поголемиот бунт во источен Авганистан, и странски милитанти.
„Меѓу загинатите има локални талибанци, како и некои Арапи и узбекистански државјани“, јави разузнавачки извор од Северен Вазиристан, кој побара да остане анонимен. Нападот е најголем од 12 јули, кога американски беспилотни авиони убија 48 осомничени милитанти во Северен Вазиристан. (Ројтерс)
„Франфуртер аЈгемајне“
Јадранка Косор е политиЧки неодговорна
Германскиот весник "Франкфурт��р алгемајне цајтунг оцени дека забелешката на претседателот на Србија Борис Тадиќ до хрватската премиерка Јадранка Косор дека "слави" воени злосторства предизвика полемика меѓу Белград и Загреб. Во текстот под наслов "Тадиќ се разбеснел заради хрватската премиерка" авторот наведува дека српскиот претседател на Јадранка Косор како политичка неодговорност и го препиша посебниот поздрав кој таа го упати кон хрватските воени злосторници Анте Готовина и Младен Маркач.
Весникот, во онлајн изданието, наведува дека и во одговорот хрватската премиерка "Операција бура" ја окарактеризирала како "легитимна и праведна", со која не само што Хрватска ја ослободи својата територија, туку и на "своите соседи им го отвори патот кон демократијата".
Авторот потсетува дека Хрватска 5 август го слави како "Ден на победата и благодарност кон Татковината" и како "Ден на ветераните".
Наведувајќи дека на 5 август во 1995 година хравтската војска го зазеде Книн и протера 200.000 Срби од таканаречената Краина, авторот истакнува дека во текот и по операцијата "Бура" направени се голем број воени злосторства над цивилното српско население заради кои Готовина е осуден на 24, а Маркач на 18 години затвор. (МИА) |